Потребно време за читање: 2 минути

Германскиот професор по филозофија и економски теории Клаус Мајнцер објаснува:

„Немаме за секое лице формула на неговото движење. Значи, не е можно да се предвидат сите можности на движење кои некој човек ги има. Таквата формула ни е непозната“.

На теренот излегуваат две екипи од по 11 играчи, тука е и една топка, еден главен, двајца линиски судии и двајца на гол аут линиите. Сите играчи ги знаат правилата на играта. Сепак, никој не може прецизно да пресмета како некој натпревар ќе биде завршен. Причината е тн. човечки фактор: секој поединец во вистинската смисла на зборот е „непресметувачки“.

Иако математички не е можно да се пресмета и предвиди, можностите на секој фудбалер се одразуваат на резултатот на екипата во која игра. И најдобрите светски напаѓачи понекогаш имаат лош ден. На некои им пречи лошо покосената трева или одбранбениот играч кој добро ги чува. Значи, прашањето на победата и поразот се решава и многу пред натпреварот да почне. А кога судијата ќе го означи почетокот на средбата, секој натпревар се развива со сопствена динамика која е невозможно да се предвиди или испланира.

Прочитај и за ... >>  За најпопуларниот спортист во Русија

„Во текот на натпреварот некоја екипа, ако е добра, дејствува како целина. Тоа е она што во нелинеарната динамика се нарекува „параметар на редот“.

Станува збор за макроскопска големина врз која се одразуваат фактори како што се талентот за организација или тимскиот дух. Решавачко е тимскиот дух никому да не може да му се пропише, туку секој за себе мора да го организира“, објаснува Мајнцер.

Фудбалот е отворен систем кој реагира и на најмали можни пречки. Сѐ додека некоја екипа игра добро, дава многу голови, не прави прекршоци и сѐ додека судијата суди коректно, системот ја одразува рамнотежата помеѓу редот и хаосот. Таквата ситуација им е здодевна на гледачите.

Нестабилна ситуација настанува кога осцилира играта на двете екипи, кога се отприлика еднакво добри или лоши, кога топката се префрлува по средината на теренот. Тоа се ситуации во кои одлучува случајноста. Нестабилните системи, како што е овој, се мошне чувствителни. Тука надмоќност може да донесе и мал фаул. Од прекршокот се развива бес, а кај што има бес не е далеку ни тепачка… и судијата покажува црвен картон.

Прочитај и за ... >>  Од историјата на шахот

Најинтересно, открива филозофот, е што тој мал прекршок не бил намерен, туку сосема вообичаен старт на топка. Истиот тој фаул истиот играч во некој друг натпревар не би го направил. Но токму во таа ситуација ваквиот безначаен повод за мошне кратко време драматично го менува односот на силите.

„Тука не помага ниту смирувањето на страстите, тој тим повеќе не е така лесно да се стабилизира. И тогаш се случува она решавачкото: една екипа успева да постигне гол. Нагло опаѓа моралот на противникот, луѓето се однесуваат дезориентирано и системот се распаѓа“, толкува Мајнцер.

Меѓутоа, не се случува секогаш оптималната ситуација. Секогаш не победува подобриот клуб. Гол дава онаа екипа која случајно ќе се најде на вистинското место во вистинско време. Таквиот „незаслужен“ гол може под одредени услови да предизвика верижна реакција. Екипата нагло може да почувствува толку самодоверба што настануваат сосема нерегуларни, хаотични турбуленции. Тогаш на теренот повеќе не можете никого да запрете, но ни на трибините. Ескалацијата може да се спречи само тогаш кога правовремено ќе се препознаат знаците и кога врз нив ќе се дејствува додека е тоа можно. А кога хаосот ќе избие, за неговото решавање нема да помогне никаков кризен менаџмент, ниту научни испитувања.

Прочитај и за ... >>  Кој ја направил првата топка?

На крајот од ваквото филозофско толкување на фудбалот се заклучува дека тој е сепак само игра, но тоа не значи дека е исклучен од испитување под филозофска лупа кое се занимава со (не)предвидливоста на фудбалерите во текот на натпреварот.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here