Здравици

0
39

Здравицата при наздравување воопшто не е лесна. Не само оти станува збор за избрани зборови со кои се упатува конкретна порака (се разбира позитивна), туку и поради очекуваната длабокоумност односно мудрост, па и искуство.

Во народот постојат и „специјализирани“ луѓе-здравичари, кои знаат посебни говори-здравици за посебни пригоди (запознавање, слави, ручек, вечера, пијачка…), но и за во посебни простори и собирања (на отворено-двор, тераса, во затворени простори).

Што е добра, успешна, за паметење здравица? Обично се крева чаша и…

Најважно е да се користи жив, јасен, директен јазик, пред сѐ разговорен, кој предизвикува чувства „од прва“. Важно е и држењето при кажувањето-сите гледаат во вас и внимателно ве слушаат. Со погледот треба да ги опфатите сите, полека, со внимание, потоа да го „наместите“ гласот, односно тонот, вокалната интонација, брзината, паузите, а водете сметка и на телото, движењата (на рацете, главата), држењето.

Имајте на ум дека здравицата треба да трае не повеќе од 2-3 минути и на крајот да ја завршите со поента или клучна-најважна порака.

Еве неколку „обични“ народни здравици:

1.
Два ангела летаа
По престоли госпоски,
Киски цвеќе китеа;
Рајски песни пееја:
Алилуја, алилуја,
Господи помилуј;
Повели напи се, Иване,
Помогол ти денешен.

2.
Ристос вајскрс Самртнаго,
Самртниу ступи,
Гробнем живо дарова,
Два гроба живо дарова.

3.
Добро и здравје!
Добра мисла!
Мир и милос!
Господ од лошо да не чува!
Господ да ни чува седбата!
Дар по полето!
Здравје во стоката!
Некоја смеќа на душманите,
Ум и разум на рисјаните!
На помош денешен (името на празникот)
И си светци помошници!
Бог да ни `и прости крстени души!
Блаосојте и здравица ви!

4.
На помош вчерашен, денешен и утрешен,
Свети дух да подуе полето!
Што се пеат на приет:
Машки деца, женски јаганца,
Дар во благата,
Чад во буништата,
Огон во огништата,
Роса по полето,
Мед и млеко планињето,
Здрави, живи домаќините
Сосе тајфите (домашните),
Куќи полни со гости, пријатели,
Братска љубов!
Бог да ни `и прости крстени души!
Блаосоите!
Здрами се!

5.
На куќа слама,
Во клуќа слава.
Да е жива
Домаќинска глава!

(Забележал Марко. К. Цепенков)

 

 

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion