Здрав живот

0
6

Најчеста препорака: спортувајте. Кој било спорт дејствува благотворно врз вашата психо-физичка конституција. Притоа, под спортување се подразбира и рекреирање, иако е сосема различно од занимавањето со спорт (не само професионално).

Интересно е да се дознае и научи-запомни како дејствуваат одделни спортови врз организмот, но да се применуваат и некои други важни совети за вашето здравје.

Стручњаците одамна утврдиле дека:

1. Трчањето е добро за крвотокот и за размена на материите во организмот, а срцето добива повеќе кислород;

2. Возењето на велосипед ги јакне мускулите на стомакот и задникот и ја спречува појавата на целулит на бутовите;

3. Пливањето ги јакне срцето и крвотокот. Значајно е за ‘рбетникот, рацете и нозете;

4. Тенисот ја зголемува силата на организмот и способноста за брзо реагирање; ја одржува подвижноста;

5. Подвижните игри ги поттикнуваат крвотокот и работата на срцето, ја активираат работата на многу мускули, ги отстрануваат стресот и лошото расположение.

Други корисни совети за вашето здравје:

1. Ако човек им сака добро на своите нозе, треба секогаш кога ќе може да оди бос,- советува ортопедот Д-р Лин Стахил од Детската болница во Сиетл;

2. На маслиновото масло уште во античко време му се припишувани лековити својства. Истражувањата, кои Д-р Вилсон ги објавил во Велика Британија, потврдиле дека маслиновото масло, поточно олеинската киселна што ја содржи ги штити ќелиите од оксидација и така го забавува стареењето;

3. Чувството на тромост, кое човекот го следи во текот на зимата, не зависи само од масните наслаги, туку и од задржувањето на течноста во организмот, ослабените мускули, пореметениот метаболизам;

4. Пролетната обнова не бара многу одрекнувања: да се јаде што повеќе свеж зеленчук, шетање што повеќе на свеж воздух и пиење доста течност, посебно вода и билни чаеви;

5. Најдобро е да се јаде овошје на празен стомак, значително пред главните оброци или по нив,-советуваат многумина американски диететичари. Овошјето што се јаде со друга храна подолго останува во стомакот оти потешко се вари. Кога не се меша со друга храна, тоа побрзо го напушта желудникот, не ферментира и не предизвикува пореметување во варењето.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion