Потребно време за читање: 3 минути

Како и за сѐ друго, и за добро уредување на ентериерот односно внатрешноста на станот-куќата е потребно познавање, знаење, па и поголема стручност. А што подразбира смисла за хармонија на просторот и предметите во него и околу него, како и изграден критериум за естетика-вредност. Во тој контекст според многумина најважна е енергетиката на просторот.

Постојат и специјалисти за т.н. енергетско уредување, помеѓу најбараните во нашево хаотично, во голема мера квазиурбано живеење, со многу негативна енергија околу нас. Она што тие го советуваат- препорачуваат е дека е нужно, со распоредот на елементите со кои го опремуваме нашиот работен и животен простор, да и дадеме слобода односно живот на енергијата, на нејзиното движење-кружење.

Се потенцира дека просторот на домот, станот или куќата, но еднакво и ѕидовите како прегради што го делат и елементите што го пополнуваат, мора да дишат и да и дозволат на позитивната енергија да циркулира. Тоа е предуслов за хармонија и мир, просторот што се уредува да биде пријатно престојувалиште, место за одмор или активност, за реализација на конкретни општествени и семејни активности, а се разбира и за креативна инспирација. Едновремено и внатрешна хармонија, здраје и хармонични односи во семејството.

Прочитај и за ... >>  Научно за просторот

Најнапред, парчињата мебел според бројот и формата треба да бидат соодветни на пространоста на просторијата што ја опремуваме. Што ќе рече да не бидат ниту премногу на број, па по купувањето да не се појави вишок, ниту да бидат „несоодветно“ димензионирани.

Во дневната соба бројот и формата на софите, фотелјите, диваните и другите елементи за седење се избираат според предвиденото место. На пример потпрени на внатрешни ѕидови, при што е битно со наслонот да се свртени кон ѕидот, а не кон вратата или прозорецот. Исто така е поволно да се постават со наслонот свртен кон аглите на собата, дијагонално во однос на ѕидовите. Помеѓу фотелјите може да се аранжираат помали столчиња за послужување, а во аглите вазни со цвеќе, некои убави украсни предмети, кристали, живи растенија во саксии, фонтана, аквариум, односно се што го поттикнува кружењето на енергијата и го напојува просторот со позитивни вибрации.

Дневната соба може да се дополни и со помали полици за книги, телевизор и музички уреди, бидејќи се незаобиколни елементи на просторот за забава и дружење во кој престојува мнозинството од домашните заедно со гостите. Тука е дозволена и побучна атмосфера, поактивен и пожив тек на вибрации на посветли и потопли бои, посилно светло и звук, поинтензивни движења и мириси.

Прочитај и за ... >>  За Амишите

Кога е збор за работната маса, односно самото место за работа, може да се спомне канцеларијата, ателјето или некој друг простор како посебно издвоено место со одредена намена. Битно е да се потенцира дека работниот простор, како дел од домот, може да биде изолиран од останатите делови на станот или куќата, што е најдобра варијанта. Може да биде само дел од другите простории- спалната, дневната, детската соба или трпезаријата, што е полоша комбинација.

Ако работната маса за учење или интелектуална работа (или сликарски штафелај, место за музицирање…) е издвоена во посебна работна соба, тогаш е лесно да се смести зашто како најважен елемент тука ќе зазема централно место. Најдобро е да се наоѓа покрај прозорец, дневната светлина да паѓа врз работната површина од левата страна или да е осветлен со соодветна ламба. Подобро е кога е странично поставен во однос на вратата, наслонот на столицата да е свртен кон ѕидот, а не кон вратата или прозорецот. Овие правила можат да се применат и кога имате на располагање само дел од собата, кој тогаш можете да го оградите или макар визуелно да го означите и да обезбедите помирна атмосфера. Обидете се сами да го одредите местото за работа, како и сите останати места во аранжирањето на просторот за кој стана збор, препуштајќи се на своето внатрешно чувство, интуицијата, дозволувајќи да ве води кон хармонија, рамнотежа, мир и задоволство.

Прочитај и за ... >>  Сексот, здравјето и...

Најважно е квалитетот на енергијата во еден дом го прават самиот простор и сите негови елементи, како и меѓусебниот однос на корисникот и просторот. Ако не постои доволно квалитетна, поттикнувачка енергија во вашето престојувалиште или работен простор, треба да ја обезбедите со примена на правилата за адекватен распоред на одделението и мебелот, како и со присуство на елементи кои енергијата ќе ја надоместат, облагородат и активираат.

Големите парчиња мебел, како ормани, регали и полици, подобро е да се наоѓаат во посебни простории, како што се гардероба или килер. Ако такви простории нема во станот, па сте принудени да го ставите плакарот за гардероба во спалната соба или регалот во дневната, односно полицата за разновидна намена, тогаш сместете ги на внатрешните, а не надворешните ѕидови. Освен тоа, подобро е да не се наспроти вратата и да се малку поместени од ѕидот, што ја спречува кондензацијата и овозможува подобар проток на позитивна енергија на свеж воздух, светлина, топлина, пријатни мириси.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here