Зборови за разбирачка

0
29

Зборовите од народниот говор се секогаш за разбирачка. Освен ако не се знаат, ако не знаеме што значат, што именуваат, што заменуваат, а што покажуваа и докажуваат. Исто е и ако се заборавиле или ако сме ги замениле со други, ненаши.

Некои и од едните и од другите и од третите…:

  • мофљус- човек материјално пропаднат
  • испорец- првенец; предводник
  • чапкан- безобразник; шегобиец
  • јалдаџи- лажец
  • арам- проклето
  • калабалак- мнозинство, многу
  • рушфет- мито
  • ќелепур- нешто случајно или за малку пари добиено
  • нафака- среќа

Порака што може да биде и општонародна:

Арам да ти е калабалакот што со рушвет и ќелепур си го стокми. Сега му се топориш ко испорец. А никаква нафака од тебе со тебе. Сетне ко јалдаџи и чапкан ќе му излезиш на очи, та мофљус ќе те направи.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion