Законот

0
16

Со закони до права и правдини. Без нив никој сигурен, безбеден, никој слободен, самостоен, никој доволен, задоволен, никој свој и единтвен.

Без нив стравовладение, беда, недостојност, понизност, нечесност и срам.

Суштинско прашање за опстој на народ и држава:

Колку се почитува законот и колку доследно се спроведува, врз сите?

Мудрости за паметење:

Законите треба да бидат еднакви за сите, и кога штитат и кога казнуваат.
Декларација за правата на човекот

Поднесувај го законот што си го донел сам.
Латинска пословица

Законот е строг, но е закон.
Латинска пословица

Практиката го поправа законот.
Латинска пословица

Незнаењето на законот не оправдува.
Латинска пословица

Тогаш кога законот влезе во светот, слободата дојде на светот.
Талмуд

Луѓето треба да се борат за законите, како за ѕидовите на својот град.
Хераклит

Повеќе вредат добрите обичаи, одошто добрите закони.
Публиј Корнелиј Тацит

Најлошите држави имаат најмногу закони.
Публиј Корнелиј Тацит

Робови сме на законите, за да бидеме слободни.
Марко Тулиј Цицерон

За праведникот законот е мелем, за никаквецот отров.
Зенон

Од законите се плаши виновникот, а невиниот од судбината.
Публилиј Сириј

Да се укинат законите, значи да си ја ускратиш на себе си првата помош.
Публилиј Сириј

Законите кои забрануваат искажување на мислење го уриваат угледот на државата.
Барух Спиноза

Она што е кафезот за дивото животно, тоа е законот за себичниот чповек.
Херберт Спенсер

Кој е сам на себе закон, нему закон не му е потребен.
Тицијан Вечели

За други создаваме закони, за себе исклучоци.
Балтазар Моралес и Грацијан

Оној што ги гази законите, не стои цврсто на нозе.
Станислав Јержи Лец

Таму каде што владее суров закон, народот копнее по беззаконие.
Станислав Јержи Лец

Нека законите бидат строги, а луѓето милостиви.
Лу д Клапиер Вовенарж

Како што вероисповеста не го создава човекот, туку човекот вероисповеста, така и уставот не го создава народот, туку народот уставот.
Карл Маркс

Бидејќи е невозможно да се менуваат луѓето, се менуваат законите.
Вилјем Блејк

Кога не би имало лоши луѓе, не би имало добри закони.
Чарлс Дикенс

Верата и добродетелта што се наметнуваат со законски прописи веќе не се ниту вера, ниту добродетел.
Жорж Санд

Луѓето би биле големи злосторници кога не би им требале сите закони што ги создале.
Алистер Дарлинг

Законот на посилниот е најголемо беззаконие.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Лошите закони се најлош вид на тиранија.
Едмонд Бурк

Понекогаш човек може да работи сосема во согласност со законот, а во исто време да биде никаквец од прв ред.
Масимо Азеглио

Нема живо суштество кое би било полошо од човек кој не ги почитува општоусвоените закони.
Героламо Саванарола

Законот се создава за сите, но се применува врз сиромашите.
Гиљермо Хернандез

Законите се пајажина низ која минуваат големите муви, а во која се фаќаат малите.
Оноре де Балзак

 

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion