За здравјето и работната кондиција на Јапонците

0
27

Забележани се некои вообичаени, утврдени термини за рекреација и спорт, односно за релаксација на телото и духот.

Во околината на Токио, во Зеншоан храмот, секое утро освен во недела се одржуваат тн. зазен средби од 5,00 до 7,00 часот. Станува збор за еден вид на медитација што се практикува седејќи во зен положба. Влезот е слободен за секого, а доаѓаат луѓе од сите занимања-пожарникари, адвокати, трговци, домаќинки. По сесијата главно сите остануваат да го исчистат храмот пред да се вратат на работа.

Многу компании во Јапонија имаат изработени посебни утрински вежби за своите вработени, што се одржуваат од 8,30 часот. Секое утро и работниците и чиновниците се загреваат придружувани од музика и според упатства на лекар. Програмите се направени за да им помогнат на луѓето да останат во добра форма и да ги ублажат болките во грбот. 10 минути потоа, во 8,50, почнува времето за освежување со здрави напитоци. Во главното бизнис подрачје на Токио-Отемачи, улиците во тоа време се буквално преплавени од службеници. Тука се продаваат здрави напитоци кои содржат витамини А и Ц. Ги има разни видови и чинат од 110 до 500 јени.

Точно напладне Царската резиденција Кокио одржува популарни курсеви за џогинг во центарот на градот. Се трча низ зелените паркови, по патеки долги 5,3 км. Според мислењето на вработените, таа должина е најдобра за одржување на добра кондиција. Бидејќи палатата се наоѓа во непосредна близина на трговски центар, огромен број од службениците за време на паузата за ручек се слеваат во парковите на царскиот двор.

Што се друго не измислуваат Јапонците? На пример, систем за стимулација на мозочните ќелии. Имено, во градот Аојама е отворен клуб за психофизичко опуштање, опремен со опрема која според системот на отпички стимулации ги опушта и освежува ќелиите во мозокот. Седејќи во просторија, корисниците се опуштаат со помош на својата омилена боја и музика. Клубот веќе има неколку илјади членови, и тоа главно компјутерски инженери кои немаат фиксно работно време.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion