Bilki Билки
Потребно време за читање: 2 минути

Зачинските и ароматичните билки на секое јадење му даваат нов „шмек“, го прават поинакво, но неговата посебна вредност е оти има и лековити својства, особено ако е набрано свежо.

До скоро не се правеше разлика помеѓу нив. Дури и босилекот, со векови почитуван кај народот, главно е користен за подготвување на чај, за инхалација или верски обреди, но не, на пример, да му се додаде на сос од домати. Се верувало дека за облагородување на некое јадење е доволна една лажица сув зачин, всушност мешавина на незначително количество на сушен зеленчук и значително поголем удел на сол, натриум глутаминати и други хемиски соединенија.

Денес состојбата забрзано се менува. Веќе е општоприфатено дека кимот не е добар само во чај против подувување на градите, туку извонредно ги зачинува компирот, месото, варивата од кељ, зелка, сирења, сосови, па и пециво. Анисот е лек кој од дамнина се употребувал во народната медицина за подобрување на варењето, но неговиот плод, сомелен, е омилен зачин за кекс, колачи, пециво, компот, сладолед, гума за џвакање…Се додава и на ‘ржан леб, а со него искусните кулинари пред самиот крај на готвењето го подобруваат вкусот на разни јадења од месо, па дури и рибја чорба.

Денес во многу супермаркети „кујнски билки“, како што се босилек, сладок мајонар, листен магдонос, кадраво нане, жалфија, рузмарин, се купуваат во саксии. За ова многу придонел и прочуениот британски готвач Џејми Оливер, кој во телевизиските емисии поткинува свежи тревки непосредно пред да ги уфрли во јадењето.

Во која било цел да ги користите, свежите лековити и ароматични растенија се далеку подобри од сушените, а е покорисно од купеното во продавница ако ги сушите сами.

Не е потребно да бидете професионален градинар, ниту да имате многу простор и време за да ги одгледате. Во прашање се билки кои не бараат многу, а на изглед се и убави. Има уште една предност во поседувањето на градина со лековити и ароматични билки: листовите што ќе ги берете воопшто ќе немаат штетни пестициди и ѓубрива. Исто така, во градината тие понекогаш може да се употребат и на некој друг начин. При одгледување заедно со зеленчук и цвеќе тие со својот јак мирис ги одбиваат непожелните инсекти, а разни билни остатоци можат да дејствуваат како пестициди или ѓубрива, поради што имаат важна улога во одгледувањето на градинарски култури на органски начин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here