Потребно време за читање: < 1 минута

Претседателската функција не подразбира и добар вкус во облекувањето. Американскиот магазин „Тајм“ направи листа со 10-мина најлошо облечени светски лидери чии костуми на стилистите им биле или им се ноќен кошмар.
Свое место на овој своевиден попис најде поранешниот претседател на Јужноафриканската Република Џејкоб Зума (поднес оставка во февруари 2018), познат според својата љубов спрема кожни јакни. Не ќе беше ништо страшно ако тие не беа прошарани со дебели жолти и зелени пруги, според знамето на неговата земја. Дури 85% од Јужноафриканците никогаш не би облекле таква јакна.
Се „истакнува“ и вечниот диктатор и севернокорејски „сакан син“ Ким Јонг-ил. Неговата облека се сведува на безлични сафари костуми во кафеава боја, а често носи и преголеми диоптриски очила за сонце.
Рускиот премиер Владимир Путин на листата го „довела“ страста спрема кожата, но не животинската, туку сопствената. Бидејќи не може да задржи маичка на себе, Путин користи секоја можност да се соблече пред новинарите и да го покаже своето мускулесто торзо. Забележано е дека кога ќе се најде на некое „постудено“ место, како што е Сибир, тој не излегува од кожните бунди со качулка обрабена со крзно.
На листата се и поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче, Либиецот Гадафи, а долго време по заминувањето во пензија Фидел Кастро не излегуваше од тренерките на Адидас (можеби сѐ уште).
Сепак, најголема трага во историјата на облекувањето остави Мао Це-тунг. Знаеше да основа држава и партија, но не знаеше како да се облече. По неговиот пример, на кинеското село и денес се носат еднобојни работнички костуми.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here