За „тихоста“ на Тихиот океан

0
32

Најголемиот океан на Земјата има неколку називи: Голем, Тихи, Пацифик, а називот „Тихи океан“ потекнува од „El mar Pacifiko“.

Називот е „добиен“ уште во првата половина на 16. век, кога на храбрите и силни морнари под водство на легендарниот Фернандо Магелан, на првото успешно патување околу Земјата (1519-1522), им се случило да пловат дури 110 дена по исклучително мирно тропско море. Магелановите записи од тоа патување, „El mar Pacifiko“ и „Oceanus Magellanicus“, се значајни историски факти кои верно ја документираат тогашната состојба на морињата, но и познавањето на тогашниот свет. Обата поима просторно во стварноста именуваат само мал дел од океанот во рамките на неговите денешни граници.

Меѓутоа, географската (сегашната) стварност е сосема поинаква, дури-спротивна!

Живата вулканска активност, проследена со бројни потреси, заедно со катастрофални тропски циклони, е речиси секојдневна појава во морето и на бреговите на „пацифичкиот огнен прстен“.

Всушност, Тихиот океан му припаѓа на природно најживите делови на светското море, така што Магелан и пријателите практично ги довеле оние помалку упатените во една голема заблуда нарекувајќи го со името “El mar Pacifiko”.

Во желбата полесно да се прикаже големината на овој океан, можеби би требало да се каже следното:

Во Тихиот океан можат комотно да се сместат сите копна на нашата планета и да остане доста место за уште една Африка! Сите континенти со возвишенија над морето би потонале во неговите длабочини, а највисокиот врв на копното, Mount Everest или Sagarmatha (8.848 м.) би исчезнал во Маријанската бразда (11.022.м.).

Разбирливо е зошто на тој дел од морето уште во 1752. година францускиот географ Phillippe Bauche му го доделил името Голем океан.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion