Потребно време за читање: 2 минути

Потеклото на соленоста во океанот/морето се објаснува со две хипотези.

Според првата, таа е исконско својство, примарна карактеристика настаната во времето на издвојувањето на Земјата како посебна планета во системот на Сонцето.

Од тогашната атмосфера, кога температурата на воздухот се спуштила под 374 степени Целзиусови, се појавиле врели дождови кои истекувале во порои испирајќи го постојното копно. Тие ги однесувале во морето сите хемиски елементи кои го чинат растворот на денешната морска вода.

Втората хипотеза препоставува дека истечната вода од тогашното копно заедно со пареата, плиновите и другите разделени материи од плаштот на Земјата го одредиле составот на морето и неговата соленост (салинитет).

Потеклото на сол во морето е предмет на современите геохемиски и хидрофизички истражувања ширум светот. На крајот од 20. век во Русија е направен обид за добивање на морска вода при топење и ладење на базалт. Со тоа истражување се покажало дека океанот е претходник во процесите на развојот на Земјата, како специфична нејзина основа со маса на раствор на вода околу 1,4 x 10^24 г.

Прочитај и за ... >>  Космичка храна-услов за патување на Марс

Тој раствор има состав и густина слични како и јувенилната вода (вода која отсекогаш се наоѓа во составот на карпите од Земјината внатрешност и која никогаш не се нашла во допир со атмосферата).

Руски научници сметаат дека сегашната морска вода е производ на прилагодување на јувенилниот раствор од плаштот на Земјата на денешните услови на површината на копното. Измените кои настанале со текот на времето во морето се во согласност со процесите на развојот на Земјата и условени со појавата на живот, посебно на фотосинтезата и, во врска со тоа, на кислородот.

Во морето, освен сол, има уште растворени плинови, колоиди, остатоци од органско и неорганско потекло, додуша во мали количества, но тие состојци се битни за животните процеси и значењето на морето.

Соленоста на морето се изразува во промили (‰).

Најголема соленост е забележана во морињата во внатрешноста на поголемите копнени структури, особено во суптропските и тропските, каде што испарувањето е поголемо од количеството на врнежи и недостигот на истечни води. Такви мориња се, на пример, Црвеното море (37-42‰), Арапско- персискиот залив (39‰) и Средоземното море (38-39‰).

Прочитај и за ... >>  На Земјата ќе настапи заладување?!

Јадранското море, како дел од Средоземното, се вбројува во солени мориња зашто просечната соленост му се движи помеѓу 38 и 39‰.

Најмала површинска соленост е забележана во морињата на поларните краишта, потоа во морињата на умерените географски широчини во кои дотокот на слатка вода од копното, во форма на големи реки, е изобилен.

Таквата соленост во морињата околу Антарктикот се колеба од 32‰ до 29 ‰, а во крајбрежното подачје од 10‰, па дури до 0‰.

Балтичкото море го карактеризира мала соленост, на пример во заливите: Финскиот 2-5‰, Ботничкиот 4-5‰ и Ришкиот 6-7‰.

Црното море исто така им припаѓа на помалку солените мориња. Неговата намалена соленост е условена од поголемото количество на врнежи и поголемиот прилив на слатка вода од околното копно. На морската шир на Црното море соленоста се колеба од 17,5 до 18‰, а во крајбрежниот појас, особено на северозападното приморје, од 9‰, па се до 0‰.

Ако ја споредуваме соленоста на океаните, утврдено е дека најсолен е Атлантскиот океан (35,4‰), а го следат Пацификот со 34,9‰, па Индискиот со 34,8‰.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here