Зборови од македонскиот народен говор кои би можеле да ги користиме кога сме со ниет да му се обратиме на нашиов народец наш насушен за да го убедиме дека не сме од тие што ги знае-исавлиите. Како му глаголат за прокопсаноста и арнисаноста:

-сермија-капитал, стока;
-исавлија-милозлив, добродушен, со разбирање;
-глаголи-зборува;
-се арниса-се смилостиви, се смили, се согласи, се смири;
-ќијамет-значење, вредност;
-се шубелисуа-се сомнева, се плаши;

-прокопсан-рабран разумен, домаќин човек; послушен;
-елбете-се разбира; така е; секако, бездруго;
заблазнуа-завидува

Моја „општонародна“ порака:

Елбете, прокопсаниот и дава ќијамет на својата сермија, исавлија е и се арнисува. Ама знајте оти се шубелисуа од оние до него и пред него што саде глаголат и заблазнуаат. Не од утрешот за сермијата, ами од денешот за ќијаметот.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion