За надежта, надевањето и вербата, верувањето

0
33

Во скудно време две нешта на човека му остануваат,а што никој не може да му ги одземе, никој да му ги згасне: надевањето иверувањето.

Човекот живее во надеж дека се ќе мине, ситегајлиња ќе ги надмине, ќе ги одболи и преболи, и пак ќе си остане што е.

Човекот верува во себе и во други оти знае колку тоаго додржало и го додржува во векот. Без верба легнуваш да не станеш, заспивашда не се разбудиш.

Македонски народни пословици

-Кој се надеи на надеш, не ќе има вадеш;
-Таткото и мајката голема надеж имаат од челадта;
-Надежта е добар појадок, ама лоша вечера;
-Од надеачка немат живеачка;
-За грешка ако не те казнат, казни се. Во протива живот ќе живејш, ама душа ќе ти ет горделива и се полута;
-Варди се од оној што нема вера и што не веруа у Бога;
-И на себе и на други да веруаш, ама никоаш да не заборааш добри рабоќе да прајш;
-Вера нито се купуа, нито се продаа, а најлошо е да им се остаи на друзи;
-Ти мојш и планина да преместиш! Не чекај, премести ја коа ти застојала на пато;
-Ако не веруваш дури можиш, нема да ти веруваат кога ќе мораш.

Пословици од народите на светот

-Надежта е леб за несреќникот (Персиска);
-Надежта е повеќе храна за сиромавиот отколку за богатиот (Руска);
-Надежта е како млекото: ако малку подолго се држи, се скиселува (Италијанска);
-Надежта има длабоко дно (Чешка);
-Од златни сништа луѓето се будат гладни (Англиска);
-Надежта е богата со илузии (Француска);
-Кој живее во надеж, игра без музика (Германска);
-Во што се состои вербата?
-Да се прави што е можно помалку зло, а добро да се прави во изобилие.
Тоа не се празноверни ритуали кои треба да се исполнат.
Добрина спрема послабите, почит спрема оние што тоа го заслужуваат, контрола над самиот себе и добронамерност спрема сите суштества.
Ете го ритуалот кој треба да се исполнува на секое место (Будистички запис);
-Подобро е да им веруваш на своите очи, отколку на туѓи зборови (Балкански народи).

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion