За картата и картографијата

0
14

Станува збор за намалена слика на закривената Земјина површина, нејзини делови, планетите и сателитите во рамнина. Значајно е што таа слика не е верна, туку деформирана, а степенот на деформација зависи од картографската проекција и размерот.

Картата е важен извор на просторни информации и една од најстарите и најмногу употребуваните придобивки на човештвото. Од 18-. век до денес се извршени бројнн поделби на картите, а најчеста е онаа според размерот- на карти со крупен (од 1:25.000 до 1:500.000 или 1:1.000.000) и со ситен размер (од 1:500.000 или 1:1.000.000 и повеќе). Картите со крупен размер се добиваат со намалување на изворните теренски снимки, а оние со ситен со намалување на карти со крупен размер заедно со генерализацијата на содржината.

Според содржината, пак, картите се делат на кореографски (географски во потесна смисла) и тематски. Посебна група прават картите на небото (астрономски), океанографските и поморските.

На географските карти се прикажани речиси сите географски елементи (релјеф, вода, вегетација, населби, сообраќајници и др.), без посебно истакнување на некои од нив. На тематските се истакнува еден географски елемент или повеќе во врска со темата поради која е таа работена. Постојат геолошки, хидролошки, метеоролошки, вегетациски, демографски, историски, сообраќајни, туристички, археолошки, етнографски и др. тематски карти.

Поморската или навигациската карта е слика на пловно подрачје во одредена картографска проекција, а служи за одредување на положба, курс и непречена пловидба. Постојат генерални, крајбрежни и пристанишни.

Метеоролошката или синоптичката карта е слика на дел или на целата Земјина површина со податоци за метеоролошките елементи (притисок, температура, ветер, влага, облачност, врнежи и др.), а служи за краткорочна прогноза на времето. Се изработува во мал размер и обично во стереофграфска проекција. Постојат два вида: приземни и висински.

Што се однесува на изработката на картата, таа почнува најнапред со избор на картографска проекција, а според просторот што се претставува и намената. Потоа врз неа се нанесува географската содржина (вода, релјеф, сообраќајници, населени места, географски називи, граници и др.) во опфат кој соодветствува на размерот на картата. Генерализирањето на општествената содржина е најчувствителниот дел од изработката (мрежа на сообраќајници, населени места според важноста), а обично според верноста на географските називи се оценува нејзината вредност.

Картата на небото е слика на само еден дел или на целото ѕвездено небо во одредена картографска проекција, со степенска мрежа на деклинации и ректасцензии. Служи за пронаоѓање на ѕвезди на небото и на фотографии. На неа се означуваат ѕвезди, галаксии, а посебно патеки на планети, комети, метеори и зодијачка светлина.

Меѓународниот астрономски конгрес во 1887. година препорача снимање, односно фотографирање на целото небо. Од 1930. соѕвездијата се омеѓуваат со лакови на деклинациски и ректрасцензиски кружници, врз основа на заклучоците на две генерални собранија на Интернационалната астрономска унија (IAU) во Кембриџ (1925.) и Лејден (1928.).

Развојот на картографијата го поттикнале географијата и геодезијата, а од нив се разликува според објектот на истражување; на географијата тоа е изгледот, содржината и значењето на одделни делови од површината на Земјата; геодезијата ја мери Земјата; а објект на истражување на картографијата е претворање на просторната стварност во графички приказ во рамнина.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion