Потребно време за читање: 3 минути

Најстарата градина, за која постојат податоци, е Кралската градина на Птоломеј Трети во Египет, датирана во вториот милениум п.н.е. Со своите палми, винови лози и лотосови цветови, поставени во фонтаните и базените, градината била украс на храмот во Карнак и предизвикувала естетско уживање.

Во античка Грција, во 350 година п.н.е., Аристотел ги основал првите ботанички градини во Атина. По смртта на Аристотел, за градините продолжил да се грижи неговиот ученик Теофрастус, кој во историјата е запаметен како прв проучувач на ботаниката.

Вавилонските висечки градини се познати како едно од 7-те светски чуда на стариот свет. Изградени во 7-от век, тие биле ремек-дело на асирскиот владетел Набукодоносор, кој ги создал во чест на својата жена Семирамида. Скалесто организирани на многубројните тераси, со својата убавина и монументалност предизвикувале восхит кај грчките историографи, чии записи се единствениот зачуван податок за постоењето на овие градини.

Ацтечките градини, кои се развиле одвоено од оние на стариот свет, содржеле колекции од организирано одгледувани флорални видови. Така, во 16. век, по шпанската колонизација, Франциско Фернандез, дворски физичар на Филип Втори, собрал материјали за природните ресурси на Мексико, кои во 1561-ва година биле објавени во научен труд.

Прочитај и за ... >>  За „историското минато“ на градината и најпознатите градини на светот

Првата универзитетска ботаничка градина е формирана во 1621. година, во Оксфорд, Англија. Била наречена „Јавна физичка градина“, сочинета од 3.000 растителни вида, а еден век подоцна во неа бил поставен првиот стакленик за зеленилото неотпорно на ниски зимски температури.

За некои од најпознатите ботанички градини во светот:

Музеј на овошки во Токио, Јапонија

Проектот и дизајнот на овој модерен објект, кој наедно претставува најголем производител на овошје во Јапонија, се дело на познатиот архитект Ицуго Хесевага. Изведен во 1996. година, објектот претставува спој од 3 различни по форма, но заемно поврзани градби: Зелена куќа, Атриум на слободен простор и Куќа за научни собири. Инспирација за објектите, лоцирани на 30 метри од планината Фуџи, биле морските школки исфрлени на брегот. Проектирани како челични лушпи од перфорирани мрежи, со целосно застаклена површина, имаат покрив што изгледа како разгранета крошна од дрво и се потпира на цевчести стебла во функција на столбови

„Проект рај“, Англија (Eden Project)

Претставува најголема ботаничка градина во светот. Содржи повеќе објекти, од кои најзначајни се т.н. биоми-биома со тропска влага и биома со висока температура за медитерански растенија.

Прочитај и за ... >>  За растенијата на кисели земјишта

Биомата со влажна тропска клима претставува најголема стаклена бавча на светот. Висока е 50, а долга 240 метри. Содржи 1.000 различни билки и дрвја од тропските острови-од Малезија, Источна Африка и Јужна Америка. За да се создаде тропска клима, во неа се конструирани вештачки водопади, реки и базени, а со прецизни инструменти постојано се контролираат влажноста и температурата на воздухот. Двете биоми се покриени со еластични фолии во 3 слоја, отпорни на сите надворешни влијанија, а на врвот од покривот имаат поставено специјални регулатори, кои автоматски се отвораат кога воздухот во внатрешноста е премногу топол или влажен.

Биомите се поврзани со ресторански дел, кој е совршено вклопен во околината, така што неговата покривна конструкција е посадена со трева, која е постојано зелена.

Претставува една од најстарите ботанички градини. Датира од 17. век и ја поседува најголемата колекција растителни видови, со што е позната како најголем светски центар за ботанички истражувања.

Еден од најновите и најуспешни павилјони во неа е Алпската куќа, проектирана како мала структура, која остава голем впечаток.

Прочитај и за ... >>  Необично градинарство

Погледната од далечина, личи на арка од мост со висока транспарентност поради проѕирната стаклена површина, која на алпските растенија им обезбедува многу светлина и свеж воздух. Под земјата, воздухот се притиска во лавиринт, каде што оладен од термална маса продолжува непрекинато да циркулира низ просториите.

Кралска ботаничка градина во Кју, Англија

Претставува една од најстарите ботанички градини. Датира од 17. век и ја поседува најголемата колекција на растителни видови, со што е позната како најголем светски центар за ботанички истражувања.

Еден од најновите и најуспешни павилјони во неа е Алпската куќа, проектирана како мала структура, која остава голем впечаток. Погледната од далечина, личи на арка од мост со висока транспарентност поради проѕирната стаклена површина, која на алпските растенија им обезбедува многу светлина и свеж воздух. Под земјата, воздухот се притиска во лавиринт, каде што оладен од термална маса продолжува непрекинато да циркулира низ просториите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here