Вулкани- Зона на тишината

0
34

Вулканите се конусни возвишенија во висина на ридови или планини, на чии врвови се наоѓаат вдлабнатини како инки-кратери. При активирање или ерупција околу нив се јавува тн. зона на тишината.

Низ каналите со кои се поврзани со длабочината на Земјата, од тие возвишенија  постојано избиваат врели гасови и водена пареа, а повремено и магма, пепел и парчиња цврсти карпи. Ерупцијата е предизвикана од високи температури и исфрлање на гасови, пепел и лава од Земјината внатрешност.

Вулканските конуси се создаваат со натрупување и ладење на лава и вулканска пепел околу кратерот. Највисоки се на вулканот на индонезискиот остров Јава, Мауна Лоа (Хаваи)-8.818 м (под вода 4.650м), активен, Килиманџаро (Африка)-5.895 м, угасен, Данавенд (Иран)-5.670 м, угасен, Попокатепетл (Мексико)-5.452 м, угасен, Кенија (Африка)-5.200 м, угасен, Арарат (Турција)-5.165 м, угасен, Клучевскаја Сопка (Камчатка) -4.800 м, активен.

Утврдено е дека појавната форма на вулканот зависи од повеќе фактори, а еден од нив е киселоста на магмата. Имено, доколку е таа со силициум (Si) повеќе од 63%, станува збор за кисела магма. Таа е најопасна оти има голема вискозност и се стреми да ги зароби гасовите што се присутни, а што потоа предизвикува да еруптира под исклучително високи притисоци и доаѓа до создавање на стратовулкан. Последиците од ваквата ерупција се катастрофални. Доколку магмата содржи 52-63% силициум, лавата е интермедијарна. Таа обично се јавува над зоната на субдукција. Доколку содржи помеѓу 52% и 45% силициум, тоа е базична лава. Содржи зголемен процент на магнезиум (Mg) и железо (Fe), па е со многу помала вискозност од киселата, а зависи од температурата. Поретко се јавуваат магми со помалку од 45% силициум и се викаат ултрабазични.

Помеѓу најголемите вулкани на светот се Цимборасо во Јужна Америка, Килиманџаро во Кенија, Казбек во Кавказ. Нивната височина достигнува и до 5.000., па и до 6.000 метри, а пречникот на кратерот може да биде и до 20 км.

Застрашувачката експлозија и спектакуларните изливи на врела лава од внатрешноста на Земјата ги прават вулканите природни појави кои лошо информираниот човек најмалку ги разбира, а од кои најмногу се плаши. Вулканите предизвикувале катастрофи во кои страдале стари цивилизации и современи култури, но вулканските ерупции во поновата историја сепак предизвикале помалку жртви од земјотресите и ураганите.

Помеѓу значајните вулкански ерупции се оние на Везув, на пладне на 24. август 79. година, кога е уништена Помпеја и притоа умреле околу 20.000 луѓе; ерупцијата на Тамборо (Суматра) во 1815., кога целосно било затрупано Сумбаву, гратче со 14.000 жители (до нејзиното избувнување ппанината Тамборо била висока околу 4.000 метри, а денес е само 2.850 м.); потоа на вулканот Кракатау (Индонезија), една од најстраотните ерупции-во 1883. буквално експлодирал и разнел две третини од островот, притоа формирајќи депресија со длабочина од 300 метри, а звукот што го произвела експлозијата го слушнале 12% од Земјината топка, што е инаку најсилен звук кога било произведен на Земјата (притоа страдале над 40.000 луѓе).

Неколку минути по ерупцијата на вулканот Маунт Сент Хеленс во САД, во пролеттта 1980., луѓето кои стотици километри биле оддалечени од него ги доживеале звуците на ерупцијата како куќите да им биле удрени со голем дрвен чекан.

Од друга страна, луѓето кои се наоѓале во кругот оддалечен помалку од 300 км од местото на ерупцијата изјавувале дека воопшто не ја чуле, а оние, пак, кои како најблиски, на сенасе 15 км од кратерот, ги преживеале потресот и ерупцијата изјавувале дека околу нив владеел целосен мир и тишина.

Непосредно по ерупцијата на овој вулкан Џон Дјуи, физичар од универзитетот Викторија во Британска Колумбија, преку радиото, телевизијата и весниците го замолил населението во регионот на пацифичкиот северозападен брег и на западна Канада да му одговорат како ја доживеале ерупцијата на овој вулкан. Набрзо како одговор добил повеќе од 4.000 писма и врз нивна основа изработил детална карта на простирањето на звукот.

Од картата Дјуи заклучил дека до местата во кои ерупцијата се слушнала звукот стасал за околу 30% подоцна отколку да патувал низ земјата, како што тоа се случува при земјотрес.

Како причина за оваа појава Дјуи утврдил дека атмосферата над вулканот Маунт Сент Хеленс предизвикала звучните бранови од ерупцијата да патуваат низ воздухот по крива линија, и тоа прво во височина, потоа хоризонтално да се шират подалеку од вулканот и најпосле да се свртат надолу и до земјата да допрат на поголема оддалеченост од него.

Со оглед на тоа што воздухот во долните слоеви околу вулканот бил потопол од оној неспоредно над него, звучните бранови од ерупцијата брзо се искачиле во воздухот,оставајќи така во посредната и нешто подалечна околина околу вулканот тн. „зона на тишината“.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion