Вредноста

0
28

Има многу безвредности во животот, а многу повеќе вредности за мене, за тебе, за нас, за сите. Безвредностите нѐ следат на секој чекор, ни се наметнуваат, нѐ опседнуваат, дури лесно нѐ освојуваат.

А вредностите се секогаш на дофат на раката, на мислата, на свеста, смислата и сушноста на опстојот. Та од нас зависи колку ги прифаќаме како дел од сопствениот свет.

Оној што создал или создава вредност е за длабока почит, признателност и поклонување пред неговото достоинство. Секој што го унижува, ништожува или исмејува го заслужува неговиот презир.

Рекле за вредноста:

Високите квалитети на некој човек можат да бидат пречка за неговиот прием во општеството. На пазар не носиме златен лост, туку ситни пари.
Николас Себастијан Шамфор

За да се признае туѓа вредност треба да се има сопствена.
Артур Шопенхауер

Кога спомениците ќе бидат поретки, ќе бидат повредни.
Станислав Јержи Лец

Не се согласувам со математиката: сметам дека збирот нула дава опасен број.
Станислав Јержи Лец

Сѐ што може да се прибави без работа и труд, нема вистинска вредност.
Џозеф Адисон

Плагијатот е најискрен облик на признание на вредност.
Марион Францис

Дури и влакното има своја сенка.
Публилиј Сириј

Нема лесно да го сочуваш за себе она што им се допаѓа на многумина.
Публилиј Сириј

Нештата вредат онолку колку што им придаваме значење.
Андре Жид

Да се има вредност и да се знае да се покаже, значи да се има двојна вредност.
Балтазар Моралес а Грацијан

Кога ќе видите дека некого огорчено и бесно го напаѓаат секакви луѓе, служејќи се со сите средства, бидете убедени дека тој човек нешто вреди.
Шарл-Огистен Сент- Бев 

Вистинската вредност не знае за извештаченост.
Вилјем Шекспир

Правилната комбинација на вистинската вредност и елегантноста единствено ја создава џентлменот.
Конфучиј

За човек да нема непријатели, мора да вреди мошне малку. Поради тоа никому не му препорачувам да се фали со тоа.
Алфред Бужар

Човековата вредност е во оние малку нешта што ги создал, а не во многуте што ги собрал.
Калил Џибран

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion