Водата како предизвик

0
51

Постојано слушаме за придобивките од водата во однос на здравјето. Таа е можеби најважниот од сите нутриенти. За некои има мала вредност, а за некои можеби и воопшто не е важна.

Дали знаете колку е чистата вода важна и есенцијална за клеточната исхрана и за програмата за слабеење. Но, без разлика дали се работи за намалување на тежината, или само за одржување на доброто здравје, чистата и ладна вода е предизвик.

Дали знаете дека:

-може да преживеете и неколку денови без храна, но неколку дена без вода може да бидат фатални?; речиси 70% од вашето тело е составено од вода;

-8 до 12 чаши вода се губат во текот на денот преку дишење, уринирање, потење и преку варење на храната; таа мора да биде заменета со нова количина.

Замена за изгубената вода. Колку е доволно?

Можеби ќе забележите дека и не ожеднувате во одредено време или за одреден период. Но, на вашето тело сепак му требаат течности. Всушност, додека се почувствувате жедни вашето тело веќе може да биде дехидрирано. Научете да ја контролирате вашата потреба од вода според тоа колку пати треба да одите во тоалет. Честите одења во тоалет се веројатно знак дека пиете доволно вода.

Адекватната количина на вода која треба да се внесе во организмот е онаа што е избалансирана со количината на изгубената вода. Оваа количина може да варира. Просечно, жена може да има потреба да внесе 8-10 чаши вода дневно, а маж 10-12 чаши вода дневно. Препорачана доволна количина на вода може да биде 8-10 чаши свежа ладна вода дневно, со дополнителни 2-4 чаши вода внесени преку храна и пијалоци, како што се млеко, чај, супа итн. Запомнете дека, колку сте поактивни и колку е времето повеќе топло или влажно, толку повеќе вашиот организам ќе бара вода.

Колку е премногу?

Спротивно на некои верувања, пиењето вода повеќе отколку што е препорачано не предизвикува надувување или едема (задржување на водата), во случај кога функционирањето на срцето и бубрезите е нормално. Ако внесете вода повеќе од количината која ви ја бара организмот, тогаш вишокот на вода брзо се елиминира. Сигурно нема да се „удавите“ ако пиете поголема количина на вода. Но ако пиете помалку вода отколку што е потребно, ќе му оневозможите на вашето тело да направи многу физиолошки работи, кои би требало да ги направи.

8 Причини за 8 чаши вода дневно!

•    Водата е есенцијален нутриент.
•    Основна функција на водата: ги транспортира нутриентите до ќелиите, а токсичните материи ги носи до белите дробови или бубрезите за да се излачат (преку дишење или уринирање).
•    Преку крвотокот водата ги носи низ телото хормоните и антителата.
•    Неопходна е за многу хемиски реакции при варење на храната и за метаболизмот.
•    Внесувањето на доволната количина на вода помага во контролирањето на температурата на телото, со ладење на телото преку потење.
•    Водата ги навлажнува зглобовите на човековиот скелет и ги држи влажни за да може да функционираат правилно.
•    Дава задоволувачко заситување (во борбата со контролирање на апетитот).
•    Помага во решавањето на проблемот со запек или опстипација.

По сето ова можете да видите дека водата е предиспозиција за да бидете поздрави и посреќни!

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion