Вистински домаќини во вашиот дом

0
15

Дали сте „свој мајстор“? Ако не сте, време е да станете, да ве бидува макар за ситни поправки. Ве поттикнуваме да пробате, да научите.

А „чистач на домот“? Знаете ли кои се вообичаено највалканите места во него? Задолжително почнете од нив. Можеби притоа ќе наидете на мравки, па е добро да знаете како да ги оттстраните.

Доколку редовно или одвреме-навреме сте „главниот“ во чистењето на бањата, научете да ја чистите без употреба на хемикалии.

Мали-ситни куќни поправки

-Појавата на мувла на ѕидовите е лесно решлив проблем, освен ако е распространета за што би требало да повикате стручњак. Важно е да се знае дека доколку ја игнорирате може да развиете алергија или некои други здравствени проблеми.

Решението е да ја отстраните со мешавина на една шолја варикина и една шолја топла вода. Со оваа смеса детално истријте ги спорните подрачја, а потоа измијте ги со чиста вода;

-Кога казанчето за вода тече не треба да се игнорира, да се одолговлекува поправката, бидејќи ќе резултира пред сѐ со непотребно истекување на вода која секако на крајот ја плаќате. Решението е да го извадите поклопецот од казанчето и да видите за што се работи. Ако водата се прелева во вертикалната цевка, намалете го нејзиното ниво, за што е доволно пливецот да го повлечете удолу. Ако нивото на водата не е проблем, додајте малку боја за храна и почекајте 20-тина минути. Промената на бојата во тоалетната шолја значи дека гумената мембрана на дното од казанчето пропушта и оти треба да се замени. Исклучете го дотекот на водата од тоалетот и едноставно извлечете ја мембраната, која можете да ја купите во продавница за санитарна опрема, и поставете ја на ист начин на кој сте ја извадиле старата;

-Доколку забележите пукнатини во приодот на куќата, немојте да ги игнорирате оти може да дојде до нивно ширење и уште повеќе да ви го отежни приодот. Решението е да ги отстраните и подрачјето добро да го исчистите со вода со помош на црево. Потоа употребете готова смеса за сасфалт за да ги пополните и добро нека се исуши. Ако е температурата на воздухот висока, повремено залевајте со вода за да не дојде до пукање при исушувањето;

-Ненавременото санирање на дупка во ѕидот може да доведе до состојба да не можете сами да ја поправите- отстраните, туку да морате да викате мајстори. Решението е да ставите парчиња од весник во пукнатината, оставајќи околу 1 см простор помеѓу хартијата и ивицата на отворот. Земете шпакла со која ќе нанесете смеса за внатрешно длетување и израмнете ја со ѕидот. Оставете да се исуши еден ден, а потоа пребојосајте над „крпеницата“. Во зависност од локацијата на пукнатината и бојата, можеби ќе морате да го пребојосате целиот ѕид;

Највалканите места во домот

-Се разбира дека домот никогаш не може да биде 100% чист. Дури и кога изгледа се совршено, во секој кубен метар воздух има околу 10 милиони разни бактерии и песок, мртви ќелии од кожа, грињи, пепел и сл. Тие во соодветни услови (на топло) двојно се зголемуваат на секои 20-тина минути.

Кои се местата што бактериите најмногу ги сакаат?

Кујната: сунѓерите што ги користиме за миење на садови не се чисти зашто содржат дури околу 50 милиони различни бактерии. Се разбира, тие се пренесуваат и на мијачката за садови;

Бањата: просечната бања има помалку бактерии отколку мијачката за садови, но секогаш кога ќе пуштиме вода креваме во воздух околу 10 милиони бактерии и вируси. Поради тоа садот со четкички за заби треба да се држи што повисоко, а штицата-поклопецот на ВЦ шолјата спуштајте ја секогаш кога пуштате вода. Исто така, ако мислите дека сте сами додека се бањате, се лажете. Постојат инсекти кои се викаат силверфиш (silverfish) и живеат на мокри места, како кади и мијалници (како и кај мијачките за садови);

Ќилимот: дали знаете дека додека одите по него, си играте, лежите додека гледате ТВ, е повалкан од најпрометната градска улица? Молците особено сакаат ќилими и ги положуваат своите јајца во волната за од нив да изведат ларви. Исто така, доколку имате милениче- куче или мачка, тоа дополнително го загадува ќилимот со животински инсекти, бактерии и вируси. А, пак, под ќилимот…;

Дрвото: ниту дрвениот мебел, како и дрвените подови, не се поштедени. Во нив „отседнуваат“ дрвени црвчиња кои се хранат со дрво, растат и зад себе оставаат штета во вид на дупки, како и бактерии и вируси;

Работнатата просторија: освен „гостите“ во книгите- познатите книшки црви, кои ги вдишуваме секојдневно, во работниот простор „одгледуваме“ 400 пати повеќе бактерии отколку во просечен тоалет и тоа каде-на тастатурата на компјутерот! Главни виновници за појавата на овие бактерии се тровчиња и други остатоци од храна кои паднале помеѓу типките додека сте јаделе на масата на која работите. Исто така, замислете само што се пипнувате пред да седнете пред компјутерот;

Креветот: дури 80% од прашината на креветот се остатоци од човечка кожа! Грињите се хранат со овие остатоци, така што Вашиот кревет е раскошна трпеза која секојдневно ја „делите“ со околу 10 милиони „мали гладници“. Застрашувачки е фактот дека на некој душек стар само две години се наоѓаат грињи со тежина 10% од самиот душек! Само затоа што не ги гледаме, не значи дека не постојат;

Мравки в куќа

-Мравките се вистинска напаст и се случува да се појават во домот, како во куќи, исто така и во станови. Што да се стори?

Еден начин е на местата каде што се појавуваат да положите свежи листови на домат. Исто така, можете да истурите и ситен канфор, прашок против инсекти, нафталин. Освен тоа, потребно е и да се затнат дупките од каде што доаѓаат-пукнатините во ѕидот со малтер, а во дрвото со прозорски гит.

Друг начин би бил во земјен или железен сад да измешате 250 гр. сулфурен цвет и 125 гр.поташа (мешавина на неколку хемиски соединенија на калиум), а потоа да се стави смесата на рингла на шпорет и добро да се истопи и измеша. Добиената зготвена смеса да се излади и иситни во прав кој подоцна ќе се раствори во вода. Добиената течност да се користи за да се испрскаат местата и пукнатините низ кои мравките доаѓаат и повеќе нема да се појавуваат;

Чистење на бањата без употреба на хемикалии

Само што се завршиле со чистење, а Ви се чини дека бањата бара нова „тура“ на освежување. Наместо да користите мноштво хемикалии, исчистете ја со алтернативни природни состојци!

За чистење на кадата, мијалникот, ВЦ школката, како и површините од плочките, доволно е да имате сода бикарбона. По употребата измијте ги обработените места со вода и ќе уживате во резултатот.

Дури и кога се во прашање одводите и оној карактеристично непријатен мирис, помага сода бикарбона! Откако со гумени ракавици сте го исчистиле одводот од насобраните влакна, сипете 3/4 шолја сода бикарбона, а потоа и бел дестилиран оцет, па затенте ја дупката со некоја стара крпа. Комбинацијата на сода и оцет формира силна и ефектна пена која добро ќе го прочисти одводот. Почекајте 20-тина минути, а потоа одводот измијте го така што во него полека ќе сипате зовриена вода.

(Преземено и преведено од: https://www.blic.rs/)

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion