Висока мода за кучиња

0
11

Високата мода не ги заборава буквално сите- се живо, па и „мртво“ (се мисли на состојбата статус кво). Се разбира, доминантно место во неа и кај неа има човекот, особено понежниот пол, но не мало, дури сѐ поголемо внимание им се посветува и на животните.

Од нив, пак, засега кучињата се во предност. Притоа, таа-модата навлегува во секоја сфера, во секоја активност и пасивност на нивното секојдневје. И на тој план во предност се „избраните“, оние што имале и имаат среќа да бидат придржуници или миленици на имашните односно богатите и најбогатите.

Конкретно, за најлесно и во континуитет да ја следите високата мода за кучиња може да ви помогне Интернет.

На пример, решенија за еден од нивните најгорливи проблеми: спиењето. Измислени се-направени се вистински кучешки кревети. Изборот е навистина голем, а се прави или според постојното односно перспективното уредување на станот или според утврдениот личен стил на кучето (тој, пак, се утврдува со претходна „проверка“-според неговите реакции пред различни).

Од провереното и докажаното: далматинецот и други албино кучиња со мининалистички изглед најчесто избираат модерни кревети, слични на оние направени од Миното, а пудлиците порадо седат и лежат на двосед во стилот на Луј XIV.

Детални информации и едукации на: http://www.bussagli.com/ing/dog.htm.

Стилот на кучето е многу важен, всушност најважен кога се оди во on line купување. Во тој контекст треба посебно да се води сметка за тоа дали се работи за тип на куче од метропола, на куче на принцеза, biker chic куче итн. Појдете на сајтот http://www.pamperedpuppy и ќе немате никаков проблем кога е „под прашање“ вашето. На посочениот сајт се нудат многу модни додатоци и детали, слично како оние за жените.

На пример, кожни гердани со фини детали се препорачуваат за спортско-аристократските кучиња, на кои, меѓу другите, им припаѓаат боксерите. За пудлиците се препорачуваат деликатни парчиња од фини метали со привезоци во форма на срце. Гангстерски светлечки привезоци и раперски кајли се препорачуваат за кучиња како што се булдозите и бул териерите. А, пак, најлуксузните парчиња, како гердани од штрас, се резервирани за кучиња без педигре кои со својот накит ќе можат да се истакнат пред кучешкото друштво во парк.

Куче кое живее на висока нога под мантилчето може да има и низа други „предмети“ за облекување, како што се кашмирски џемпер, ролка од мерино волна и др. За шетање во дождлив ден лете може да му се набави наметало или јакничка од неопрен со ролка, додека зиме најдобро ќе биде стоплено во јакничка, слична на вашата Avirex, поставена со крзно.

Кога на своите кучиња ќе им ги изберат облеката и деталите, имашните луѓе од белосветскиот свет (и кај нас од него ги има се повеќе на број, пред се како имитатори односно „стилисти“) се посветуваат на опуштањето и чистењето на кучињата. Од проста причина што во модерниот бизнисменски свет и тие се под големи притисоци-  стресови и „чистотно-еколошки“ барања и санкции како и нивните сопственици. Да го спомнеме само огромниот стрес од бучавата на улиците, долгите прошетки во парковите, одбивањето на симпатиите и други неволји кои им создаваат навистина голема нервозација.

На пример, на Менхетн на миленикот може да му се букира ден или неколку часа во бања. Доколку сакате вашето куче да преноќи во бањски третман со вклучен room service со бањски оброци, се препорачува приватен апартман и превоз со лимузина.

Во зависност од тоа која бања ќе ја изберете, на вашето куче можете да му приредите некој од следните третмани: специјална масажа што ја комбинира Reiki и акупресурата во бањата Over-the-top luxury; во салонот Dogie-doo наместо обично миење кучето ќе добие сапунеста масажа за отстранување на стресот, длабинско чистење што ја стимулира кожата и фоликулите на влакното, и тоа се исклучиво со природни препарати; се разбира, во понудата се уште и специјалните третмани, како решавање на проблемите на мат влакното на кучето. При излегување тоа добива рачно правен колач со овошен вкус.

Доколку кучето има некој проблем од психичка природа, во Сохо и за таа мака постои решение. Терапевтот Вероника секое куче ќе го излечи со помош на „Силва методот“ и исцелувачка масажа.

Оние што имаат вишок на пари можат да резервираат продолжен викенд во „Големото јаболко“ (Њујорк) и за себе си и за миленикот. Хотелот Ritz-Carlton го нуди пакетот ВИП, кој вклучува идентификациона плочка за кучето од 22- каратно злато, третман со ароматерапија, керамички садови за храна, перница во форма на коска…Исто така, во понудата е и пакетот „Кучето и јас“, кој вклучува ваучер од 50 долари за купување на гардероба за миленикот, фотографија со вас и кучето во Централ парк. Љубезниот персонал секогаш излегува в пресрет. Ако надвор врне дожд, ќе ви позајмат мантил за кучето, како и џемпер од кашмир. The Mandarin Oriental Hotel во својата понуда има и кревети според големината на гостинот. Се разбира, овде се подразбира и четириножниот гостин.

А кога веќе се патува, нормално е дека мора некоја пара да се потроши и за куфери. Обично, ако куферите на сопственикот се испишани со монограмот LV (Louis Vuitton), тогаш и носилката за кучето е иста. Посебна препорака е секако Juicy Couture асортиманот за кучиња.

Во понудата на Signafur се набавуваат козметичките потреби, како што се сосема природниот балсам, ароматераписки спреј или четки под името „Добро кученце“.

И на крајот никогаш не се забораваат важните датуми: за роденденот кучето може да добие комплет на парфеми, а за денот на вљубените кревет со срце.

На крајот од прилогов не се заборава и на една важна напомена: сето наведено треба да го земете како инспирација. Наполнете половина када и почнете Reiki масажа на вашиот миленик. Потоа средете му ги ноктите, исичстете му ги ушите и повикајте franch маникир. Па така, заедно, приближно слично, можеби и исто дотерани (на исто ниво) појдете на кафе во избраното dog-friendly кафуле.

Што? Сето наведено е прилично проблематично да се обезбеди кај нас оти засега го нема или има само по нешто? А кој вели дека наскоро, по објавата и проверката на напишаново, се, дури и повеќе нема да има? Зарем не гледате околу себе како се зголемува бројот на „сограѓани“ со „ин по секоја цена“?

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion