Вечниот број 7

0
46
Seven Blue Number Background 7 Digit Texture

(Од „Тајниот свет на математиката“)

Ниеден број не ужива толку почитување како бројот 7.

За Питагора и неговите следбеници тој е „невин“ број. Единствен број помал од 10 кој не е ниту фактор, ниту производ на други (бројот 2, на пример, се содржи во 4, 6, 8 и 10; бројот 4=2 х 2 итн., додека за 7 не важи нешто слично).

Го носел името на божицата Палада Атина и е сметан за симбол на божеството.

Старите Грци знаеле за 7 планети: Венера, Марс, Сонце, Јупитер, Сатурн, Меркур, Месечина (сметале дека Сонцето и Месечината се планети). Исто така знаеле за 7 светски чуда: Зевсовата статуа во Олимпија, Колос од Родос, храмот на Артемида во Ефес, мавзолејот на Халикарнас, светилникот на Фарос, пирамидите во Египет, висечките градини на Вавилон.

Античките градови Вавилон, Рим и Ерусалим се подигнати на 7 рида.

Народот верува дека 7 години ќе го снајде несреќа оној што ќе скрши огледало.

Еврејските храмови содржат свеќници со 7 крака, што претставуваат симбол на „вечна светлина која од сонцето ја одразуваат 7 планети“. Храмовите исто така содржеле по 7 олтари.

Неделата има 7 дена.

Пановата флаута има 7 дупчиња, а Аполоновата лира имала 7 жици.

Според верувањето на старите Египтјани, душата на покојникот минува преку 7 одморишта.

Буда посочува дека до Нирвана се доаѓа низ 7 степени, а Вавилонците граделе пирамиди со 7 скалила, што ги симболизирале одделните предели на небото.

Англичаните веруваат дека 7-то дете е предодредено да прави чуда.

Исламот располага со 7 називи за божјото знаење, а Куранот говори за 7 ката на пеколот.

Вооопшто, сета природа го има во себе бројот 7.

Спектарот се состои точно од 7 бои. Ако се измешаат сите заедно, се добива светлината.

На секои 7 години човечкото суштество целосно се менува и обновува. Кај многу болести критични денови се 7-от, 14-от и 21-от. На секои 7 дена човечкиот пулс е побавен. Годините 7, 14, 21 и 35 за човечкиот живот се најзначајни за развојот на духот и телото. Инаку, и годината на климаксот, особено 49-тата (7 х 7) е исто така поврзана со бројот 7.

Од памтивек човекот го мери времето според месечевите мени, а секоја трае околу 7 дена.

Периодот на гравидитетот е 280= 7 х 21.

Глушецот донесува на свет мали глувчиња по 21= 7 х 3 дена. Слично: стаорецот по 28= 7х 4 дена; мачката по 56= 7 х 8 дена; кучката по 63= 9 х 7 дена; лавицата по 98= 7 х 14 дена; овцата за 147= 7 х 21; шатката за 28= 7 х 4 итн.

Научниците ги одредуваат годините на животот на живите суштества така што годините на созревање ги множат со бројот 7 или со бројот 14. На пример, ако човекот созрева до својата 20-та, векот на неговиот живот е 140 години. Зошто човекот не живее толку, виновни се сите надворешни фактори што го следат низ животот.

Човекот на своето лице има 7 отвори (2 уши, 2 очи, 2 ноздри и уста). Детето во 7-от месец добива заби, а во 7-та година ги менува.

Цвеќе кое не се вкрстува со мешање со друго цвеќе има 7 латици. Во природата е тешко да се најде цвеќе кое не се вкрстува со друго, па е тешко и да се најде чист тип. Такво цвеќе, на пример, е лотосот. Буда го зел лотосот како амблем на својата религија.

За словенските просветители Кирил и Методиј се тврди дека имале 7-мина ученици (седмочисленици).

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion