Варварски зборници

0
17

Станува збор за зборници кои се дел од римското право. Имено, на новонастанатите варварски држави по падот на Западното Римско Царство им биле потребни правни норми, па дошло до усвојување и прифаќање на постојните римски закони кои со својата традиција и изграденост биле мошне погодни и за варварските богаташи.
Од друга страна, пак, варварските владетели за своите поданици издавале службени тн. „варварски зборници“.

Од исклучително значење за развојот на Римското право е периодот на доминатите кој започнува со доаѓањето на власт на Диоклецијан во 284. година и трае се до смртта на Јустинијан во 565. година.

Поимот доминат доаѓа од царската титула dominus et dues. Имено, уште во времето на принципатите се родил стремежот за деификација на владетелот. Неговата официјална титула била „прв сенатор“, а сега е „Господар и бог“. Државата станала апсолутна монархија која се повеќе се мешала во стопанските и општествените односи. Ова е период на слабеење и декаденција.

Стручњаците по римско право периодот на доминатот го делат на три: првиот трае од Диоклецијан (284. година) до конечната поделба на Царството на два дела (395.), а специфика се енергичните мерки, изградбата на еден гломазен апарат и армија, а привремената криза е забавена. Вториот период, кој го опфаќа времето од 395. до 476., е во знакот на пропаѓање на западниот дел од Царството, со хаос во стопанството и воена анархија, а Источното и Западното Царство меѓусебно се оддалечуваат се повеќе. Третиот период трае од падот на западниот дел се до смртта на Јустинијан, во 565.г.

Источниот дел, подоцна наречен Византија, успеал да ги надмине проблемите, па дури и да ги протера варварите од подрачјата кои некогаш биле составен дел на Империјата.

Правото на овој период го карактеризира интензивна законодавна активност на императорите и се поголема влијание на христијанството. Правниот систем се наоѓа помеѓу две противречни тенденции: изедначување на преторското и цивилното право, помеѓуgentium и ius-civile, какои пораст на влијанието на регионалното, провинциското право. Подоцна, поради слабеење на централната власт и стопанското затворање на провинциите, уследила појава на специфични особености во правната практика на некои провинции, што значи оддалечување од класичните примери. Та е т.н вулгарно римско право во кое нема прецизна разлика помеѓу државноста и сопственоста, помеѓу заемот и послугата итн. Ова право доаѓа до изрзар со падот на Западното Царство и продорот на натуралното стопанство.

Правните извори од претходниот период (закони, едикт претори, списи на правници, одлуки на принцепсот) и натаму се применувале, но претежно по пат на толкувања кои ги дале правници во своите книги (ius ili ius vetus). Во прашање е статичниот дел од правото, додека наредбите на владетелот(leges) биле единствен динамичен извор што ги следи потребите на животот. Во овој период се применувало правилотоPrinceps leaibus solutus (Владетелот законите не го врзуваат), што значи дека во донесувањето на нови одлуки тој не мора да се повикува на правила од книгите на јуриспрудентите, ниту на законите од претходниците, па ни на сопствените закони.

Бројот на законите со текот на времето се намножил, зашто имало владетели кои си издавале стотици, па и илјадници закони. Затоа доста рано се укажала потребата овие закони да се соберат и средат, што би им ја олеснило работата на судиите. Така настанале: Codex Gregorianus, Codex Hermogenianus и Codex Theodosanus.Првите два зборника се дело на професори или адвокати, а третиот на царот, т.е. неговата комисија.

Codex Gregorianus е составен во 291. година и го добил називот според авторот. Содржел значителен број на царски одлуки, претежно рескрипти издадени од Хадријан до Диоклецијан. Оваа збирка е делумно сочувана, зашто нејзини делови се вклучени во некои варварски зборници на Римското право, како и во збирката под назив Fragments Vaticana.

Codex Hermogenianus настанал во 294. За неговиот творец ништо сигурно не се знае. Тој претставува дополнение на претходниот кодекс и содржи рескрипти од 293. и 294. година, така што веројатно настанал кон крајот на 294. или во текот на 295. И тој е сочуван фрагментарно на сличен начин на кој и Codex Gregorianus.

Теодосиј II им ја признал законската сила во 429. година, неколку години пред составувањето на зборникот кој го носи неговото име. Значи, тие се не само значаен извор за историјата на правото, туку и битен извор на правото.

Codex Theodosianus е еден од најзначајните зборници настанати пред Јустинијан и е збирка на царски одлуки сочинета во 438. година.

Варварските зборници на Римското право имаат официјален карактер. Иако временски и претходат на Јустинијановата кодификација, типолошки се од помлад датум.

Како носители на суверенитетот, владетелите во новооснованите држави издавале зборници на Римското право за покорените староседелци.

Edictum Theodorici (Теодориков едикт) го издал источноготскиот крал Теодорик околу 500. г во северна Италија. Содржел изводи од трите спомнати предјустинијански зборници на царски конституции: Грегоријановиот, Хермогенијановиот и Теодосиевиот кодекс, како и доста широки изводи од Павлови Сентенции. Се применувал и на староседелците и на Готите.

Следниот зборник е Lex Romana Visigothorum (Римски закон на Западните Готи) што го направила комисија по налог на западноготскиот владетел Аларик II во 506. г. Се вика уште и Алариков бревијар (Алариков скратен зборник). Применуван е само на староседелците на територијата на денешна Шпанија и Јужна Франција. Освен изводи од трите кодекси и Павлови Сентенции, содржел и одломки од Гаевите Институции. Веројатно истата комисија приближно во исто време ги составила и Гаевите Епитоми (Epitome Gai), во кои е прераскажана содржината на првите три коментари на Гаевите Институции.

Имало и други зборници со слична намена и содржина (Еуриков зборник во Јужна Франција и Шпанија, Lex Romana Burgundionum во Северна Франција).

Со време сосема преовладале феудалните елементи, а староседелците и дојденците се стопиле во еден народ. Трговијата речиси сосема замрела така што оној голем број на правила кои ги регулирале продажбата, закупот, наемнината, заемот и другите договори станал непотребен.

Јустинијановата кодификација е еден од најмонументалните споменици на правната историја.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion