Потребно време за читање: 4 минути

Што е урбан систем?

Постојат бројни дефиниции, но една е најпризнаена: збир на градови меѓусебно поврзани со интеракции. Неговиот развој е најнепосредно поврзан токму со германската држава, и тоа уште од 19. век. Дури, може да се рече дека темелите на денешните полицентрични структури на урбаниот систем се поставени во времето на политичката уситнетост на германската државна територија.

Имено, во тоа време Германија била поделена на бројни феудални држави, па немало никаква можност за создавање на силна национална метропола, како што се Париз во Франција или Лондон во Велика Британија. Со обединувањето на тие држави, пак, што се случило во 1871. година, започнува развојот на националниот урбан систем.

Од минатото значаен е и периодот помеѓу двете светски војни кога се забележува јасна хиерархиска структура на чело со Берлин и група од неколку позначајни регионални метрополи. Потоа поделбата на Германија и на Берлин по Втората светска војна значително го измени тој систем, а што е видливо и денес. Со границата помеѓу Сојузна и Демократска република Германија се разделени источните и западните градови, помеѓу нив се пресечени сите врски, посебно сообраќајните, а политичките односи помеѓу 1945. и 1989. година предизвикаа долга стагнација на поделениот Берлин. Повеќето од метрополските функции ги презедоа западногерманските регионални метрополи, како Хамбург, Келн, Диселдорф, Бон, Франкфурт и Минхен.

Забалежано е уште нешто како последица на длабоката разделеност: во Западна Германија веќе од 1950-тите години јакне процесот на центрифугалните движења на населението-од урбаните агломерации кон субурбаните подрачја, а од 1970-тите многу големи западногермански градови доживуваат популационо празнење-имаат апсолутен пад на бројот на населението. Некогашните стокови зони на градови и селски простори ги преземаат населението и економските активности, па наместо поранешната економска концентрација и собирање доаѓа до децентрализација и дисперзија.

Прочитај и за ... >>  Кан- бисерот на Азурниот брег

Напротив, во Германската демократска република со мерките на централно-планската економија е поттикнуван процес на просторна концентрација. Конкретно, инвестициите во изградбата на станови се насочувани на подигање на големи станбени населби во градовите. Поради тоа денес на просторот на поранешна Источна Германија секој четврти жител живее во нив, а во Западна Германија одвај секој четириесетти.

Дури по обединувањето на Германија во 1990. година започнуваат процеси на субурбанизација и во источногерманските градови. Таму најнапред дојде до субурбанизација на трудот, а дури потоа станбената. Источногерманските градови и денес се се уште градителски покомпактни и во помал опфат растат во околината.

Урбаните системи на Сојузна и Демократска република Германија се соединуваат во 1990., а Берлин се враќа на врвот на хиерархијата. Во тие години јакнат миграционите движења на релацијата исток- запад и притоа речиси сите просторни единици на Источна Германија имаат негативно миграционо салдо. Нолвите сојузни земји со иселувањето на запад помеѓу 1989. и 1998. година изгубија 1,2 милиони жители. Само во 1990. на запад се иселиле 395.000 Германци.

Во тие години во Западна Германија се јавува сосема спротивен процес. Имиграцијата од поранешната Германска демократска република доведе до тоа по повеќе децении и централните градови на Западна Германија да имаат апсолутен пораст на бројот на жителите. Оваа исклучителна ситуација не трае долго. Во втората половина на 90- тите години миграциите исток- запад значително ослабнуваат, па повторно се воспоставува старото сценарио со загуби во централните градови и раст на околината.

Прочитај и за ... >>  Super Tower - Град на иднината

Главна специфика што ја разликува Германија од другите развиени европски земји: постои полицентрична урбана структура (наспроти еден или два доминантни центра). Станува збор за рубан систем во кој постојат повеќе градови со подеднаква големина и политичко-економско значење:

-сенасе 5% од германското население живеат во главниот град, што е само еден показател дека на германскиот урбан систем му недостасува тн. примарен град како што е, на пример, Париз во Франција;

-градовите со 200.000-600.000 жители се често застапени, но од 82 града со повеќе од 100.000 жители само 12 се на просторот на поранешна Источна Германија;

-по правило големите градови се опкружени со помали и средно големи (повеќе од 20.000 жители); најголема концентрација на градови има на запад (Порајње) и југозапад (Баден-Виртенберг), додека на северот (Северна германска низина) и југоистокот (Баварија) се релативно сиромашни градови;

-просторот на поранешна Источна Германија се уште го обележува контрастот помеѓу руралниот, со градови сиромашен север, и мошне урбанизираниот југ;

-поголемите градови ги обележува јака функционална специјализација. На пример, Хамбург е специјализиран на подрачјето на медиумите и пристанишните функции, Минхен на науката и високите технологии, Франкфурт е водечки банкарски центар, а Берлин во меѓувреме ја презеде функцијата на главен град;

Прочитај и за ... >>  Дали може да се купи среќата?

-во Германија се јавуваат два типа на градски региони: моноцентрични, како Хамбург, Берлин, Дрезден, Минхен или Штутгарт, во кои јасно доминира еден центар, и полицентрични во кои неколку центри со подеднаква големина создаваат единствен градски регион (на пример, агломерациите Рајна- Рур, Рајна- Мајна и Рајна- Некар).

Урбанистите посочуваат дека, доколку во анализата на урбаниот систем се примени правилото на редот на големината на градовите, видливо е оти Германија има речиси идеален ред. Тоа правило подразбира еден град во низа на градови на некоја земја, наредени според големината, да има онолку жители колку што има најголемиот поделен со редниот број на тој град. Така Хамбург, втор град според големината, има двојно помалку жители од Берлин, а Минхен, третиот германски град, има приближно 1/3 од жителите на главниот град итн.

Се смета дека и во иднина германскиот урбан систем ќе ја обележува полицентричната структура, но се уште долго и регионалните диспаритети помеѓу истокот и западот. Времето ќе покаже дали Берлин повторно ќе ја преземе улогата на доминантен центар или поради своето мало економско значење ќе остане регионална метропола со функција на главен град.

Процесите на глобализација и европските интеграции сигурно ќе се одразат и врз структурите на националните урбани системи.

(Напомена: користени се повеќе текстови на Интернет)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here