Убавината

0
58

Убавината е минлива? Да надворешната, онаа што е на нас, надвор од нас, на други и околу нас. Се разбира, прво со годините, а потоа со друго. Не внатрешната, онаа што живее во нас и со нас дури нѐ има, што ја откриваме во други со време за наше време.

Онаа што го заморува поетот е трајната. Испеана, насликана, раскажана и докажана.

Колку е убавината интересна за промислување и домислување, за мудрост? Надворешната никогаш не била и не е, а внатрешната секогаш.

Мал избор на искази-мисли, мудрости за неа:

Нема вонредна убавина која нема нешто необично во пропорциите.
Френсис Бекон

Убавината може да го трогне и најтврдото срце.
Реми д Гурмон

Убавината ќе го спаси светот.
Фјодор Михајлович Достоевски

Што вреди прекрасно чело, ако зад него нема ум?
Максим Ди Камп

Цртите на душата се поубави од цртите на телото.
Цицерон

Само вистинитото е убаво.
Рене Декарт

Убавите се убави само затоа што се опкружени со грди:
Малколм д Казал

Грдотијата над убавината го има тоа предимство, што убавината минува, а грдотијата останува.
Оноре Де Балзак

Убавината е длабочина на површината.
Фридрих Хебел

Убаво е она што ни годи, а притоа да немаме интерес.
Емануел Кант

О убавино, барај го својот лик во љубовта, а не во огледалото што ти ласка.
Рабиндранат Тагоре

 

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion