Потребно време за читање: 3 минути

Легендата вели дека некогаш одамна постоело момче по име Нарцис, кое било толку убаво што секој кој би го погледнал во истиот момент во него се вљубувал. Тоа и се случило и на нимфата Ехо, но тој не обрнувал внимание на неа, поради што венеела сѐ додека од неа не останал само глас.

Немезис, божицата на Одмаздата, фрлила магии врз горделивиот Нарцис, кому оттогаш му било судено да се вљуби во својот одраз на површината на езерото над кое стоел восхитен од сопствената убавина, по што боговите го претвориле во цвет.

По Нарцисовата смрт дошле Дријадите-горските вили-и виделе дека езерото се претворило во стомна со солени солзи.

„Зошто плачеш?”-го прашале.

„Го оплакувам Нарцис“, рекло езерото.

„Не нѐ чуди што го оплакуваш Нарцис. Ние постојано низ шумата трчавме по него, но ти единствено имаше можност одблизу да ја посматраш неговата убавина“.

„Нарцис беше убав?”-прашало езерото изненадено.

„Кој би можел да го знае тоа подобро од тебе? На твоите брегови секој ден се потпираше”, одговориле Дријадите.

Езерото за момент замолчало, а потоа рекло:

„Го оплакувам Нарцис не поради неговата убавина, туку затоа што секогаш, кога ќе легнеше на моите брегови, можев да видам како во длабочината на неговите очи се отсликува мојата сопствена убавина“.

Прочитај и за ... >>  10 најсексипилни жени на светот

Во овој свет опседнат од убавината и младоста, легендата за Нарцис денес е поактуелна од кога било и во буквална и во симболичка смисла. Како тоа да не е доволно, од сите страни сме „опколени“ со мазни рефлектирачки површини кои не мамат, непогрешливо фаќајќи го нашиот одраз: зградите сѐ повеќе се прават од стакло и метал, автомобилите се лакирани и се сјајни, тука се излозите на продавниците покрај кои секојдневно минуваме, ѕидовите, подовите и столбовите на луксузните простори, пултовите, масите, орманите…

Огледалото стана симбол не само на нашата потреба да бидеме убави (и тоа редовно да го проверуваме) и опкружени со убави работи, туку само по себе е декоративно-практичен детал во просторот во кој живееме и работиме. Со овој денес неопходен елемент на ентериерот можеме снаодливо да се поигруваме и да добиеме интересни ефекти, игри на облици и бои во просторот, но и лукаво да прикриеме некои негови недостатоци.

Огледалото во претсобјето е пред сѐ функционално: тоа е место на кое го проверуваме изгледот при излегување од станот, па треба да биде добро поставено и доволно големо за да можеме да ја видиме целата фигура. Истовремено, тоа е одличен начин визуелно да го зголемиме овој обично скриен дел од станот, за што е потребно да се одбере и адекватно осветлување. Огледалото максимално ја рефлектира светлината и ја удвојува длабочината на просторијата, па ако е таа издолжена добро е да се постави на поширок ѕид.

Прочитај и за ... >>  За убавите жени

Бидејќи дава длабочина на секој простор, погодно е за оптички илузии, што мудро го користат дизајнерите на јавните простори, како што се кафулиња, дискотеки, чекални…Тоа се поставува на вратата на просториите, орманите и комодите, некогашниот класичен вкус на имашливите налагал да стои над каминот, а во луксузните вили на современите препотентни филмски ѕвезди едно од омилените места за огледало се наоѓа над креветот-се во служба на хедонизмот и раскошот.

Со оглед дека тоа во себе ја „прима“ глетката пред која се наоѓа, убаво е да се постави наспроти отворен прозорец или тераса низ која се гледа зеленило, па така, ако амбиентот тоа го дозволува, со помош на трик да се воведе и малку природа во станот. Иако не е функционално неопходно, во дневната соба може мошне убаво да изгледа ако го третираме како слика на ѕид. Затоа е интересно кога огледалото ќе се постави наспроти омилената глетка, оти тоа така станува слика, и тоа динамична, која може да се менува, па така да го оживее амбиентот.

Прочитај и за ... >>  Каде е роден Чарли Чаплин?

Денес изборот на огледала е неограничен: од оние со кабасти, резбарени, стилски метални рамови, со рустични, дрвени и рамки во длаборез, преку шарени игри на стакленца, пластика, ковано железо и други материјали, до крајно сведени и модерни, без рамка, и тоа со најразлични правилни и неправилни форми-само треба да одлучите кој најдобро се вклопува во вашиот простор.

Секогаш е убаво кога во близина на огледалото ќе се најдат украсни растенија, декоративна скулптура, по некој интересен детал, пријатно и ефектно осветлување. Ако е внимателно избрано и поставено, тоа делот од станот во кој се наоѓа навистина го прави репрезентативен, оти со него секоја убава поставка станува вистинска мала сценографија. Затоа поведете сметка тоа да биде некоја убаво аранжирана глетка во која најмногу уживате и дајте му го тоа задоволство, како трагичниот, прреубав Нарцис, да се огледа во сопствената убавина. А на самото огледало, можеби, да му возврати со иста мера.

(Преземено и преведено од:http://www.b92.net/)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here