Потребно време за читање: 3 минути

Еве една не само новинарска дилема: дали и вестите за бизарните настани во светот, освен што, како сите други, се за „еднократна употреба“ (да регистрираат-информираат-архивираат) се и краткотрајни? Да не траат повеќе или помалку од другите-„стандардните“, а кои се нарекуваат дневни (нема и не може да има неделни- тоа се други новинарски жанри)? Дали, до колку се „тргнат“ датумите на нивното „лиферување“, односно на случувањето, добиваат барем извесна (во некој „дел“) „вонвременост“?

Проценете сами со следниве вести кои се однесуваат на бизарности од пред повеќе години:
-деца живееле со 68 пит бул териери;
-во престолнината на Латвија се забранети еротски реклами;
-Британка напуштила 20 деца поради љубовник од Интернет;
-Индиски самоубиец прв го опишал вкусот на цијанид;
-Прво училиште за вештерки;
-Дијаманти од коса на новородени деца.

Деца живееле со 68 пит бул териери

Американската полиција побарала помош од социјалните служби за згрижување на еден 11-годишник и неговата 5-годишна сестра кои биле пронајдени во една куќа во мизерни услови на живот во Канзас.

Прочитај и за ... >>  Во Чешка живеат повеќе од 15.000 Џедаи?!

Имено, децата живееле со 68 пит бул териери. Кучињата живееле во куќата и во дворот, а многу од нив имале рани по телото. Полицијата претпоставува дека биле користени за борби со други кучиња.

Таткото на децата бил притворен додека кучињата најверојатно се еутаназирани.

Во престолнината на Латвија забранети еротски реклами

Градските власти во главниот град на Латвија, Рига, ги забраниле рекламите со еротска содржина на кои своите услуги ги рекламираа стриптиз баровите и борделите.

Градоначалникот на Рига притоа изјавил дека таквата мерка е потребна бидејќи во центарот на градот има неонски реклами со полуголи жени и мажи.

Новите правила наложуваат забрана за користење на светлосни ефекти на сите места кои нудат еротски услуги. Таквите објекти можат да имаат светлосна реклама, но на неа не треба да го стават своето лого или маскота и задолжително мора да ги покријат прозорците и излозите со цел минувачите да не можат да видат што се случува внатре.

Британка напуштила 20 деца поради љубовник од Интернет

Една Британка, мајка на 20 деца, го напуштила сопругот и семејството откако се вљубила во оженет маж кого го запознала на Интернет, објави весникот Сан.

Прочитај и за ... >>  Луди закони

Сѐ се одвивало добро помеѓу сопружниците Никол и Кеви Придхам и нивните 20 деца, на возраст од 7 до 25 години, додека една од нивните ќерки не добила компјутер. Никол оттогаш почнала да сурфа по Интернет и запознала еден војник кој потоа и станал љубовник.

Неколку ноќи спиеше кај него. Јас сам се грижам за децата и одам на работа, рекол 48-годишниот Кевин.

Индиски самоубиец прв го опишал вкусот на цијанид

Еден индиски златар, кој извршил самоубиство голтнувајќи цијанид, во пораката што ја оставил го опишал вкусот на тој брзо дејствувачки отров.

„Пече на јазикот и има горчлив вкус“, напишал златарот во своите последни моменти.

Имајќи предвид дека цијанидот предизвикува смрт по консумирањето, досега не било познато каков вкус има тој отров. Поради тоа се сметало дека цијанидот е бел прашок со остар мирис кој потсетува на бадем.

Во историјата го употребувале затворениците, но и нацистите и Тамилските тигри во Шри Ланка, со цел да се самоубијат пред да почнат да ги сослушуваат или да им се суди.

Прочитај и за ... >>  Вистински бизарности

Прво училиште за вештерки

Во градот Хуперстон, во државата Илиноис, официјално е отворено првото американско училиште за вештерки.

Училиштето пред тоа функционирало само преку Интернет, а онлајн предавањата ги следеле дури 120.000 студенти.

Најверојатно брзо снемало место за сите кандидати кои сакаат да се запишат бидејќи дневно се пријавувале помеѓу 30 и 50 заинтересирани лица.

Дијаманти од коса на новородени деца

Јапонската компанија Њу Еиџ Дајмондс, специјализирана за производство на синтетички дијаманти, на јапонскиот пазар понудила вештачки дијаманти изработени по нарачка, направени од коса на новороденчиња или од крзно на домашни миленици.

Цената на дијамантот Харт-Ин Бејби се движи од 3.500 американски долари за 0,2-каратен жолт дијамант, до 17.000 долари за 0,8-каратен црвен дијамант.

Бројот на населението во Јапонија сѐ повеќе се намалува и секое новородено бебе е сѐ повредно во очите на генерацијата што го пречекува на свет, а секое раѓање е одлична шанса за славење.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here