Тажен Петко

0
46

Седи Петко во кафуле, а пред него пиво. Доаѓа Спиро, го гледа пивото и го испива. Петко почнува да плаче, а Спиро:

-Што е Петко? Зарем се плаче за едно пиво?

-Богами, денов ми е за никаде. Ништо не ми оди од рака.

-Што се случило? Кажи ми.

-Утрото влегувам дома по ноќната смена, мртов уморен, а Петкојца со друг в кевет. Напладне ми јавија дека сум добил отказ. Петкојца ми избега со тој што беше в кревет, дигнала од банка до скршена пара, па сум  ти гол сиромав. Ми дојде да се убијам. Зедов јаже да се обесам, пукна. Зедов пиштол да си пукам в глава, се заглави. Легнав на шини, возот не ни тргнал од станица. И сега уште ова од тебе…

Од последните пари в џеб купив отров и го ставив во пиво, а ти го испи.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion