Тајна исповед

0
111

Оди Буле в црква и го прашува попот дали може да се иповеда.

-Може, Буле, како не можело.

-Ама…ај другпат.

Си оди Буле од црквата, попот тргнува по него. Го преминува Буле патот, но попот не знае да го премине. Брзо научува, а утредента пак доаѓа Буле во црквата да се исповеда.

-Попе, дали можам да се исповедам?

-Можеш, Буле, како не можело.

-Ама…ај другпат.

Си оди Буле од црквата, попот тргнува по него. Го преминува патот Буле, попот по него, Буле препливува река, попот не знае да плива. Брзо научува, а утредента ете го пак Буле во црквата.

-Попе, дали можам да се исповедам?

-Можеш, Буле, како не можело.

-Ама…ај другпат.

Излегува Буле од црквата, попот го следи. Буле го преминува патот, попот по него, Буле ја препливува реката, и попот, прескокнува Буле ограда, попот не може да прескокне зашто му е долга мантијата. Ја скратува попот мантијата, а утредента Буле пак доаѓа во црквата да се исповеда.

-Попе, дали можам да се исповедам?

-Можеш, Буле, како не можело.

-Ама…ај другпат.

Излегува Буле од црквата, го преминува патот, попот по него, ја препливува Буле реката, попот по него, прескокнува Буле ограда, попот по него, се качува Буле на ридот над градот, попот е многу дебел па не може. Цел ден попот дава сѐ од себе за да ослаби и ослабува. Утредента еве го Буле во црквата да се исповеда.

-Попе, дали можам да се исповедам?

-Можеш, Буле, како не можело.

-Ама…ај другпат.

Излегува Буле од црквата, попот тргнува да го следи. Го преминува Буле патот, попот по него, ја препливува Буле реката, попот по него, прескокнува Буле ограда, попот по него, се искачува Буле на ридот над градот, попот по него, минува Буле низ шума, на попот му е страв. Попот оди кај една бајачка да го истера стравот од него. Утредента Буле доаѓа во црквата да се исповеда.

-Попе, дали можам да се исповедам?

-Можеш, Буле, како не можело.

-Ама…ај другпат.

Излегува Буле од црквата, попот тргнува да го следи. Го преминува Буле патот, попот по него, препливува Буле река, попот по него, прескокнува Буле ограда, попот по него, се искачува Буле на ридот над градот, попот по него, минува Буле низ шума, попот по него, преминува Буле минско поле, попот не знае каде се мините. Попот до крајот на денот успева да научи каде се, а утредента ете го пак Буле да се исповеда.

-Попе, дали можам да се исповедам?

-Можеш, Буле, како не можело.

-Ама…ај другпат.

Излегува Буле од црквата, попот тргнува да го следи. Го преминува Буле патот, попот по него, препливува Буле река, попот по него, прескокнува Буле ограда, попот по него, се искачува Буле на ридот над градот, попот по него, минува Буле низ шума, попот по него, го преминува Буле минското поле, попот по него и го стасува.

-Буле, ај кажи ми што сакаше да ми кажеш.

-Добро попе, ама немој никому да му кажеш.

И попот никому не му кажува.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion