Сурфање на работното место

0
30

Научно е потврдено она што се тврди со години на ред: користењето на работното место за сурфање во приватни цели може да ја подобри работната продуктивност на вработените!

Тоа го потврди една интересна студија наречена Cyberloafing at the workplace: Gain or drain on work?, а истражувањето го спровеле професорите  Vivien K.G. Lim и Don J.Q. Chen од Деловната школа при Државниот универзитет во Сингапур, и тоа на примерок од 191 испитаник.

Според објавените податоци, вработените во компаниите во Сингапур дневно во приватни цели во сурфање минуваат околу 51 минута. Најчести активности со кои „сурферите на работа“ се занимаваат вклучуваат читање на лична e-пошта, користење на програма за разговори со други интернетомани, како и читање на портал на вести. На сурфањето на работа понаклонети се мажите.

Истата студија покажала дека сурфањето во текот на работното место влијае врз продуктивноста на вработениот, споредувајќи ја со продуктивноста на испитаниците кои никогаш не сурфаат на работа. Во согласност со добиените резултати, вклучените во студијата подготвиле одредени насоки за работодавачите.

„Сурфањето на работа го отстранува стресот кај вработениот и може да послужи како мотивација за подобра продуктивност. Токму од оваа причина би требало да им се дозволи одреден дел од своето работно место да поминат сурфајќи во приватни цели“.

Потврдија и австралиски научници: лица кои на работното место во разумни граници користат Интернет за забава се попродуктивни за 9%!

Работодавачите кои сакаат да ги спречат вработените во текот на работното место да пишуваат блогови, да купуваат преку Интернет или компјутерите ги користат за други лични потреби можеби прават грешка, велат тие.

Околу една четвртина од работодавачите во Австралија го блокираат пристапот до страниците, како што се Facebook или YouTube.

„Лицата кои за лична забава користат Интернет на работното место- во разумни граници, т.е. помалку од 20% од работното време-се за 9% попродуктивни од оние кои тоа не го прават“, вели Brent Coker опд Универзитетот во Мелбурн. „Ние сметаме дека употребата на Интернет е лагодна активност што ја зголемува концентрацијата. Имено, лицата за време на користење на „мрежата“ многу побрзо се одмораат отколку на какви било паузи“, тврди тој.

Сепак, дилемата сѐ уште постои, конкретно кога станува збор за Facebook.

Во Америка некаде околу 54% фирми ги забраниле социјалните мрежи на работа затоа што работодавачите сметаат дека им пречат на вработените и ја снижуваат продуктивноста.

Прашање: дали социјалните мрежи и Интернет треба да се забранат или да се искористат?

Интернет го трансформира деловниот свет и донесе главно позитивни промени во маркетингот, бизнисмените добија можност за промоција на него, но се истовремено затрупани со мноштво страници на кои едноставно губат време. Во секој случај, сѐ уште не е утврден единствен став за социјалните мрежи, а искуствата се различни. Ако Facebook можеме да го искористиме како предност за нашиот бизнис, зошто да се забранува.

Од друга страна, ако ваботените губат време, има ли смисла да се допушти? Забраната и блокадата се едно од решенијата и многумина со нив успешно се користат. Сепак, знаејќи дека забранетото овошје е најслатко, можеби сепак е попродуктивно да се открие можност за промена на навиките на вработените и најновата можност за комуникација да се насочи во конструктивна насока на искористување и зголемување на резултатите на фирмата.

Доколку сте во дилема, бидете сигурни дека Facebook не го мачат финансиски резултати. Му оди добро, тој зазема голем дел од маркетиншкиот колач. Ретки се оние што знаат дека Facebook денес претставува едно од најпријатните и најфлексибилните места за работа во Америка. За да  привлече врвни програмери, сопственикот Mark Zuckerberg седиштето на фирмата во калифорнискиот Palo Altou го претвори во своевиден деловно-рекреативен центар. Повеќе од 900 вработени на мрежата, која помеѓу корисниците на Интернет има статус на култ, на располагање имаат бројни кафулиња, спортски сали за рекреација или соби во кои со соработниците можар да одиграат партија пинг- понг за да ги истегнат нозете од долготрајно седење.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion