Совршена жена-совршен маж

0
34

Има ли совршена жена и совршен маж?

Во Велика Британија е спроведено истражување за карактеристиките на идеалната жена и идеалниот маж. Пред повеќе години од разни лица на глумци е „монтиран“ совршениот маж-крајниот резултат беше Том Круз, а е „направена“ и совршената жена-од 16 прекрасни глумици. Во Велика Британија, пак, е објавена една книга на Лори Готлиб која стана бестселер за само неколку дена: „Marry Him: The Case For Settling For Mr Good Enough“ (Омажете се; момент е да се смирите покрај Г-дин Доволно Добар).

-Совршената жена е медицинска сестра со костенлива коса и раскошни облини од Шефилд. Идеалниот маж е доктор од Њукастл со развиена смисла за хумор и дарба за воочување на добар џемпер од кашмир.

Истражувањето е спроведено на примерок од 4.000 луѓе за магазинот „Грација“, а задачата била да се пронајдат „ултимативните“ маж и жена. Мажите така повеќе сакаат „заоблени“ нозе на слаби девојки, и тоа бринети „со долга, брановидна коса“. Повеќе од три четвртини од мажите тврдат дека „пријателската насмевка” е најатрактивната одлика на жените, а готвењето најпосакувано хоби. Истовремено 9 од 10 жени сакаат маж кој може да ги насмее, а дури 73% бараат некој што „автоматски” ќе плати во ресторан.

Повеќе од половината од испитаните Англичанки велат дека не е битно колку партнерот имал сексуални односи, а со тоа се согласуваат само 29% од Англичаните. Се чини дека децата од минатата врска се огромен проблем-дури 97% од жените сметаат дека малиот е пречка;

-16-те глумици кои послужиле како основа за совршена жена (најубаво лице) се: Анџелина Џоли, Ен Хатавеј, Чарлиз Терон, Елиша Катбер, Хилари Даф, Џенифер Лоув Хјуит, Џесика Алба, Кејра Најтли, Кејт Босворт, Кристин Кереук, Менди Мур, Меган Фокс, Моника Белучи, Натали Портман и Скарлет Јохансон. Резултатот покажа дека всушност совршена жена не постои!

-Објавената книга на Лори Готлиб ја обработува темата за сингл-жените во 30-тите кои во тие години го задржале романтичниот идеал на мажот, бракот и семејството. Тезата е дека повеќето жени  до тие години пропуштиле/ отфрлиле повеќе шанси за исполнување на соништата за семејниот живот.

Авторката на книгата се потпира на сопствено искуство и истражување помеѓу жените во 30-тите години. Во основата на се е убедувањето дека сите се стремат кон конвенционален семеен живот.

„Се што можам да речам е дека ако 30-годишната сингл-жена вели дека не е загрижена околу пронаоѓањето на вистински маж е дека тоа го порекнува или-лаже“, вели Готлиб.

Токму жените се најкритични спрема нејзините тези. Една на Интернет напишала: „Нема начин да се согласам на помалку од совршен маж, ниту пред цевка на пушка!“. Друга вели: „На Готлиб ѝ треба психијатар!“.

Една од почестите реченици на осамените пријателки во позрелите години е: „Е, за него требаше да се омажам!“.

Всушност, книгата (ре)актуализира друго прашање: дали бракот нѐ прави посреќни?

 

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion