Скица за портрет: Марк Џејкобс

0
13

Разновидноста или, поточно, непостојаноста е главната карактеристика на веќе светски познатиот моден креатор, во овој момент можеби прв на светот. Тоа еднакво се однесува на стилот, бојата, материјалот, дури и на животното секојдневје и неговата природа.

Американскиот дизајнер е роден на 9. април 1963. година во Њујорк, според многумина денес модна престолнина на „Новиот свет“. Џејкобс тврди дека уште од мал бил предодреден да стане креатор. На 12 години од Сохо се преселува кај баба му, во една величествена зграда на аголот на „Централ парк“ и „72. улица“. Токму баба му му станува главен извор на инспирација. Таа постојано велела дека „Еден ден тој ќе стане голем!“.

Додека го посетувал училиштето за уметност и дизајн, на сенасе 15 години се вработил во познатиот њујоршки бутик Charivari. Негова задача била да прави фалти на кошули. Таа му овозможила да дојде во контакт со луѓе кои подоцна ќе го воведат во високото друштво.

По завршувањето на средното училиште продолжува да се образува на Parsons School of Design. Растрган помеѓу студирањето и Студио 54, тогаш најпознатата дискотека на Менхетн, успева да освои неколку престижни награди, а неговиот завршен труд сите ги оставил без здив-линија на рачно плетени џемпери како оние што ги плетела баба му. Особено воодушевен бил Роберт Дафи: „Тогаш првпат видов дека џемперите изгледаат толку удобно и носечко, а толку шик“. Од тоа одушевување ќе израсне нераскинливо партнерство. Во 1984. година Дафи и Џејкобс започнуваат бизнис кој со низок буџет и малку спонзорство од почетокот бил осуден на пропаст.

Во 1988. се придружува Пери Елис, при што е изразен неговиот безобѕирен, младешки стил. Користел ретки облици и неочекувани комбинации на бои-црвено-бел фустан, сличен на чаршав за маса, маица со напечатен Фројдов лик, џинс со иглички за украс, дречливи гумени елементи.

Во 1997. година ја освојува титулата најдобар дизајнер за жени, а истата година добива и работа кај Луј Витон, елегантен француски изработувач на торбички. Ја разбива нивната мирна слика, додавајќи им поп и кич елементи и неизмерна популарност. Секоја ѕвезда морала да има таква мала бела торбичка со дречливи детали и испишано LV лого, по цена од 4 ипол илјади долари! Тој моден детал ги освои срцата на половина од женската популација (славните личности како Жизел, Винона Рајдер, Ума Турман, Софија Копола).

Со поткрепа на славата кај Луј Витон, наскоро почнува да цути и Марковата лична модна куќа. Што и да направел, веднаш добивало култен статус.

Се преселува во Париз, а неговото студио е само на чекор од Лувр и катедралата Нотр Дам.

Животот на Марк Џејкобс е полн со необични и комични детали. Килт почна да носи откако бил нерасположен, па на својот асистент му рекол да оди и да му купи забавни пантолони. Овој се вратил со килт.

На телото има околу 30 тетоважи. Има личен тату мајстор-Скот Кембел. Помеѓу тетоважите се слики на ликот од бомбоните M&M, Сунѓерот Боб, свој портрет во стилот на Симпсонови…

Двапати бил на рехабилитација поради дрога и алкохол, често ги менува партнерите, има хомосексуална определба.

Некои негови акции, зафати, но и афери поврзани со личниот-интимниот живот:

На Недела на модата во Париз во 2012 г. дизајнерот Марк Џејкобс носеше црно здолниште, а потоа и розе фустан што предизвика шок и помеѓу најоткачените луѓе на светската модна сцена. Од деталите тука се гусарските чевли со шнола од дијамант и мала торбичка. Од друга страна, розе поло фустанот, чевлите со дијамантска шнола и сокните, како и клач торбичката беа во целосен контраст со брадата на креаторот и неговите влакнести нозе.Со својот стајлинг ја засени-помина сосема незабележано изложбата во Музејот на декоративни уметности.

Марк пристигна во придружба на архитектот и дизајнер Питер Марин, кој исто така им беше интересен на камерите, зашто беше облечен како садо-мазо припадник на бандата „Ангели на пеколот“.

Изјава на Џејкобс:

„Отсекогаш убавината ја пронаоѓав во работи кои се чудни и несовршени. Тие се многу поинтересни. Сега се пошироки погледите на тоа што се гламур и убавина, што е добро, а што лошо. Сѐ се промени. Сите старомодни клише дефиниции еволуираа во нешто помалку конкретно“.

Во едно неодамнешно интервју раскажува за неговите правила за успех, социјални мрежи и нови колекции.

Според него, околностите не се пресудни и никој човек не може да го затвори во мрачна кутија на дно на морето бидејќи секогаш ќе најде начин да исплива на површината.

Секоја личност, каков и да бил нејзиниот живот, може да пронајде начин да се изрази. Според неговите зборови што сте „помали“ на почетокот, поголеми амбиции може да создавате и повеќе да постигнете бидејќи од вас не се очекува многу.

Негово основно правило за успех е никогаш да не се обидувате да направите нешто за да би задоволиле други. Не знае до кога ќе трае тоа, но не може да биде поинаков одтколку што е, бидејќи секој пат кога се обидел тоа му предизвикало многу болка.

Кога покренал колекција со своето име и ’Marc by Marc Jacobs’ таа е дочекана со овации, а како што рекол тогаш се обидувал да направи нешто што девојките навистина ќе го сакаат и носат. Како што растела славата многу продавачи му говореле што им треба на пазарот но тој успеал да остане свој. Не дозволил продајните линии да влијаат на неговата дизајнерска креативност на големите модни настани. Целта на неговиот тим не е да се натпреварува со другите, туку со самиот себе и да ги поместува сите граници на претходните сезони.

Иако неговите креации ги преплавуваат социјалните мрежи, Марк нагласува дека тој и електронските уреди не се согласуваат баш најдобро.

„Јас не знам сам ни ТВ да приклучам“.

Одбивен му е фактот дека она што треба да го изнесете на улица го купувате и облекувате само за да се сликате селфи. Луѓето излегуваат за да се вратат и да пишуваат за тоа на мрежите.

Според Мајк Џејкобс на мрежите има премногу омраза, тие се многу тажни и делуваат многу одбивно бидејќи како луѓето да пронашле едно место каде може да го истресат својот отров. Сепак, како не би звучело премногу негативно вели дека гледа фотографии и дознава нови работи.

Секогаш има идеи да напредува и понатаму да создава. Во состојба е со месеци да чека како би нашол нешто што го инспирира, и радосен го чека. Токму за него тоа претставува мода.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion