Потребно време за читање: 3 минути

Кога прашањето би се однесувало на македонските, сигурно ретки би биле оние помеѓу нас кои би можеле да дадат прецизен одговор односно дефиниција на „супербогаташ“.

Политичарите, пак, сите до еден (без исклучок), но не само тие, туку и „независните“ експерти ќе одговорат дека такви кај нас нема, особено дека и оние „прекуноќните бизнисмени-богаташи“ според стекнатото богатство се далеку од светските. Па и од кинеските.

Кина има над 150.000 супербогаташи со личен имот од 5 милиони долари или повеќе, а нивниот број постојано се зголемува. 5 милииони долари или повеќе? Нема кај нас со толку в џеб или во некоја швајцарска банка; другите европски и светски гарант, проверено, кај нас, помеѓу „таквите“, не се баш популарни?! Не брзајте со „личниот“ одговор.

Според истражувачот Руперт Худзверф, кој води годишна листа на најбогатите Кинези, „бројот на богати поедници во Кина расте многу брзо, врз темелите на економскиот бум“.

Првата наша дилема: врз основа на каков „бум“ се „изродија“ нашите кои се, сепак, далеку од нивните?

Неговиот „кинески индекс на луксузот“, кој ги следи цените на 32 производа, вклучувајќи ги автомобилите од марката Ролс-Ројс, покажува дека цените на луксузните производи во Кина растат за околу 9%.

Прочитај и за ... >>  Во што веруваат Американците?

Луксузните имоти, членството во клубовите за голф и школувањето во познати училишта/ универзитети имале најголем скок на цените.

Худзверф смета дека 50-мина луѓе во Кина имаат богатство од минимум една милијарда долари, 2.000 поседуваат барем 100 милиони долари, а 35.000 повеќе од 10 милиони долари.

Кај нас нема, ниту може да се „роди“ таков-„македонски“ Худзверф, од едноставна причина дека е толку се „транспарентно“ што никој не може ниту да открие, а камо ли да изброи макар десетина богаташи со минимум не милијарда, туку милион долари.

А да не познавате некој таков од полит-бизнис олигархијата? Ние ниту познаваме, ниту препознаваме, па саде си се чудиме.

Една од поновите вести е дека во Кина моментно има повеќе милијардери отколку која било друга земја, освен САД-130-мина доларски милијардери. Во САД 359-мина, во Русија 32-ца, а во Индија 24-ца.

Како што објави магазинот „Форбс“, кинеските богаташи располагаат со сѐ поголемо богатство-просечниот износ што го поседуваат оние на листата изнесува 571 милиони долари. На првото место, со лично богатство од 5,1 милијарди долари, е Ванг Чуанфу, претседател на Управниот одбор на производители на електрични автомобили и батерии BYD, во кој удел има и американскиот милијардер Ворен Бафет. На второто се наоѓа Џанг Јин, сопственик на компанијата за рециклирање на хартија „Најн дрегонс“, а на третото е Су Жонгмао, соптвеник на фирмата за недвижности „Шимао Проперти“.

Прочитај и за ... >>  За иглуто (igloo) на Ескимите

Американскиот футуролог Паул Сафо, пак, вели дека благодарение на напредокот на биотехнологијата и роботиката супербогаташите во иднина би можеле да еволуираат во посебен вид! Според него, луѓето во иднина ќе можат сами да одгледуваат замена за сопствените органи, ќе пијат посебно дизајнирани лекови и ќе користат посебни генетички тестови за навреме да откријат каква било наследна карактеристика опасна по здравјето.

Сафо додава дека светот на иднината ќе биде спој на биологијата и технологијата, каде што роботите ќе ги вршат секојдневните работи, автомобилите ќе возат сами, а вештачките органи ќе бидат подобри од „оригиналот“.

Овој футуролог од Сан Франциско ги коментираше и изјавите на американскиот научник Реј Курцвеил, кој објави дека поради брзиот напредок на нанотехнологијата по 20 години сите ќе бидеме бесмртни. Сафо предупредува дека тие „подобрувања“ ќе можат да си ги приопштат само супербогатите. Поради тоа напредокот би можел да води кон класна поделба и на крајот на краиштата супербогатите би можеле да еволуираат во сосема поинаков вид, оставајќи ги не баш толку богатите зад себе.

Прочитај и за ... >>  Сакаат ли жените кавалери?

„Во 1980-тите тоа беше личниот компјутер: излезе од гаража и го промени светот. Во 1990-тите тоа беше Интернет, а следната голема технолошка работа што ќе влезе во нашите животи е- роботот. Би можеле да се најдеме во ситуација апсолутно да зависиме од тие електронски инсекти, а воопшто да не сме свесни дека зависиме од нешто се додека тоа не се расипе. Понекогаш се прашувам можат ли богатите да поживеат 20 години подолго од сиромашните. Тоа се уште 20 години за заработка и штедење. Замислете колкаво богатство, моќ и предност богатите им оставаат на своите деца“, потенцира Сафо.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here