Потребно време за читање: 4 минути

Да водите грижа за безбеден секс е неопходно, a доколку сте доволно совесни сексот може да ви биде вашиот најдобар природен сојузник во одржување на здравјето и зајакнување на имунитетот.

Една од најголемите студии спроведени досега за поврзаноста на сексот и здравјето е направена од страна на универзитетот Квинс во Белфаст. Таа открива дека оние мажи кои често имаат оргазам ризикот од смрт го намалуваат за 50% во однос на оние на кои тоа ретко им се случува.

Кога станува збор за кардиоваскуларното здравје, резултатите покажале дека оние мажи кои имаат секс 3 или повеќе пати неделно, ризикот од срцев или мозочен удар го намалуваат за половина. Исто така сексот е одлична физичка активност, а според некои научници креветот е најдобрата справа за вежбање.

Само со еден сексуален однос во траење од 30 минути може да изгубите 200 калории, исто толку ќе може да изгубите со 15 минути трчање на подвижна трака. Или за една недела може да изгубите 500 грама од тежината.

Според британските научници, при сексуалниот однос се движат речиси сите мускули и се лачи машкиот хормон тестостерон кој ја зајакнува мускулната маса.

Доколку сакате поголеми гради, наместо силикони тие препорачуваат редовно да имате сексуални односи. Бидејќи е докажано дека сексуалното возбудување го интензивира крвотокот, што може да придонесе за зголемување на градите кај жените дури за 25%.

Сексот се смета за одличен третман за убавина, поради забрзувањето на лачењето на хормоните.

Според психолозите, жените можат многу полесно да се научат да се ценат самите себе, и да имаат повеќе самодоверба, доколку крај себе имаат маж кој ќе ги обожава. Затоа велат дека сексот понекогаш може да ги замени и козметичките третмани.

Куба е позната според големиот процент на 100-годишници, а тајната на долговечноста на нејзините жители е во методичниот живот: не премногу алкохол, но затоа многу кафе, цигари и секс, се наведува во извештајот од едно истражување.

Прочитај и за ... >>  За светот на џет- сетот

Со истражувањето биле опфатени 54 до 100 стогодишници кои живеат во провинцијата Виља Клара, која го држи кубанскиот рекорд во очекуваната должина на живот (78 години, за разлика од 76 години на национално ниво). Резултатите од истражувањето, со кое раководела Ненси Непомусемо, се претставени во кубанскиот Институт за геријатрија и социјална работа.

Околу 60% од тие 100-годишници имале родители кои и самите биле шампиони во долговечност. Околу 95% од нив имаат здрави прехранбени навики и се хранат со риба, млеко, бело месо (од живина) и зеленчук, кој го подготвуваат со малку сол и природни зачини.

Начинот на живот им е многу методичен. Помеѓу нив нема обожаватели на алкохол, но затоа тие пијат многу кафе и пушат цигари. Нивното интересирање и мотивацијата се бројни, „вклучувајќи го и сексот“, се наведува во студијата.

Од вкупно 11,2 милиони жители на Куба, повеќе од 3.000 лица се 100-годишници, а 1,6 милиони лица се постари од 60 години (14%).

Со секс против лесни, но и тешки-опасни болести? Можеби:

Страстните бакнежи и добриот секс се најдобар лек против настинка, тврди швајцарскиот научник Манфред Шедловски.

Резултатите од неговите невроимунолошки експерименти покажале дека сексуалниот чин има позитивно влијание не само на општата физичка состојба на организмот, туку и на имунолошкиот систем.

Според Шедловски, бројот на одбранбените ќелии во организмот значително се зголемува за време на сексуалниот однос, а по оргазмот нивниот број е двојно поголем отколку во нормални ситуации.

„Идеалниот кандидат би требало да води љубов со мене секој втор ден, во наредната цела година“ е дел од огласот на една Русинка која бара сексуален партнер за редовен љубовен живот.

Не станува збор за нимфоманка, како би можело да се помисли, туку се работи за здравствена потреба-жената треба да се излекува од рак.

Прочитај и за ... >>  Староста и осаменоста

„Лекарите ми открија цисти на градите. Ми објаснија дека најдобар начин да се запре развојот на ракот е-сексот“, напишала во огласот 30-годишната разведена Елисавета.

Специјалистите за рак објаснуваат: „За да се избегне овој вид рак, по одредена старосна возраст, e неопходен секс 3 пати неделно“.

За врската помеѓу сексот и парите. Не е баш за верување, ама:

Според едно истражување направено во Велика Британија, најбогатите Британци, освен тоа што имаат најмногу пари, имаат и најголем сексуален нагон! Истражувањето е нарачано за потребите на серијата на Би-Би-Си „Тајните на сексот“.

И жените и мажите со подобри примања имаат поголем сексуален нагон, но постои разлика-мажите полесно преминуваат од фантазија на дело.

Според ова истражување, 47% од мажите треба да се во врска за да дојдат до секс, а дури на 70% од жените им се потребни чувствата за да имаат секс.

Овие резултати можеби се и очекувани, но ова што следи е сосема неочекувано: мажите се поромантични од жените! Дури две третини од мажите веруваат во љубов на прв поглед, додека процентот кај жените изнесува 64%.

Жените сметаат дека во текот на следните 5 години ќе имаат нешто помалку од двајца сексуални партнери, додека мажите оптимистички се надеваат на 3,4 партнерки.

Факторите што кај мажите се клучни за вљубување се женската интелигенција, физичкиот изглед, духовитоста и чесноста, додека на жените најважна им е духовитоста, а потоа следат чесноста, интелигенцијата и љубезноста.

Ако нешто од досега изнесеното ви изгледа по малку веројатно, следново е поневеројатно:

Најновите истражувања конечно потврдија дека жените зборуваат повеќе од мажите за секс, а мажите многу повеќе размислуваат за него од жените!

„Самиот чин на зборување предизвикува лачење на хемикалии во мозокот што предизвикува возбуда кај жените како таа што ја има зависникот од хероин кога достигнува нирвана. Жените имаат автопат од осум ленти кој служи за обработка на емоциите, додека мажите имаат само неасфалтиран пат“, наведува во својата книга „Женски ум“ психијатарот Луан Бризедин. Таа потенцира дека, иако многу не зборуваат, мажите тоа го надополнуваат во мислите, односно со размислување за сексот на секоја 52-ра секунда!

Прочитај и за ... >>  Основни обележја на мачката

Бризедин смета дека на жените би им било полесно во животот кога би биле свесни за разликите помеѓу половите, бидејќи уште пред раѓањето мозокот на девојчињата и момчињата се разликува поради влијанието на тестостеронот.

И за крај на овој избор, резултати од една анкета кои, како на Македонци, не би требало да ви го кренат носот до небо, без оглед што сте во „групат“:

Балканците се сексуално најактивни во светски рамки, покажува едно истражување за сексуалните навики и однесувањето на луѓето на светски познатиот производител на кондоми Дурекс, во кое не биле опфатени Македонците.

Со анонимната анкета спроведена преку Интернет, при што не може да се провери веродостојноста на изнесените податоци, биле опфатени 317.000 испитаници од 41 држава.

Први на ранг-листата биле Грците кои, според анкетата, водат љубов 138 пати во годината. Зад нив се Хрватите со 134 пати годишно, или речиси 3 пати во неделата, државјаните на Србија и Црна Гора со 128 пати, додека четврти се Бугарите, кои секс практикуваат 126 пати во годината.

Од останатите балкански нации, на високото 13 место се рангирани Турците, со 111 пати. Нема податоци за тоа колку пати во годината љубов водат граѓаните на Македонија, Албанија или пак на Босна и Херцеговина.

Сексуално најнеактивни се Азијците, предводени од Јапонците, кои љубов водат 45 пати годишно.

Светскиот просек на водење љубов, спред истражувањето на Дурекс, е 103 пати во годината.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here