Сѐ за јаболковиот оцет

0
14

Тој е извонреден лек на кој му се припишува чудотворна моќ и треба да стане дел од секојдневната исхрана.

Утврдена е оптималната доза на јаболков оцет која треба да се зема во текот на еден ден. Тоа е раствор од 2 лажици оцет во млака, претходно провриена вода, со додадок на две лажици мед.

Најнапред, како се прави јаболков оцет:

Потребни се: непрскани јаболка (најдобро диви, самоникнати, но можат да послужат и одгледувани) и шеќер.

Јаболката добро се измиваат, се отстрануваат дршките, а потоа заедно со семенките се ситнат и се мелат со машина за месо. Заедно со сокот што ќе го пуштат се ставаат во поголем лонец или во каца. Ако нема доволно сок, може на 10 килограми јаболка да се додадат четврт литри провриена и оладена вода. Потоа на оваа количина се додаваат и 100 грама шеќер, се добро се измешува, садот се покрива со чиста, повеќестрано извиткана газа и се остава на топло место или на сонце. Повремено се прегледува и се промешува. Садот се поврзува со повеќеслојна газа и се остава на место каде што температурата не паѓа под 18 степени Целзиусови и не преминува 25 степени. Ферментацијата трае 25 до 30 дена; на сонце нешто пократко. По завршениот процес оцетот внимателно се процедува и се сипа во чиста боца. Бојата треба да му биде светло жолта и без талог.

Кога ќе се забележи дека ферментацијата е готова и оцетот е доволно кисел, сѐ се процедува најнапред низ поретко, а потоа и низ погусто сито или цедилка, а на крајот и низ повеќеслојна газа, за да се добие бистра течност. Оцетот се сипа во боци, херметички затворени, кои се чуваат на студено и мрачно место. Доколку по извесно време оцетот поради зреењето се замати или, пак, се појави талог, треба уште еднаш да се процеди низ повеќеслојна газа и повторно да се сипа во чисти боци. Се чува на студено и темно место, а рокот на употреба му е практично неограничен.

Овој еликсир помага кај болестите на грлото, кај неуредно варење на храната, слаба циркулација и размена на материите во организмот. Се препочарува и кај болести на срцето, бубрезите и крвните садови. Добро се покажал за зголемување на плодноста-како кај луѓето, исто така и кај животните, и во лечење на ноќно мокрење кај децата. Докажано е и дека јаболковиот оцет го снижува повишениот крвен притисок и дека е одличен сојузник во зачувувањето на стројна линија.

Против јадеж на кожата се препорачува надворешна употреба на разблажен оцет, а триењето и масирањето со овој раствор извонредно им годи и на здрави лица. Освен чувството на свежина кое трае долго, на кожата и дава мекост, влажност и здраво руменило.

Во својство на облог или средство за триење, јаболковиот оцет исто така се применува кај проширените вени; во комбинација со внатрешната употреба на оцетот, со премин на здрава исхрана и чистење на организмот, се постигнуваат добри резултати. На ист начин јаболковиот оцет олеснува и некои ревматски болести и го отстранува чувството на постојан умор.

Со неразблажен јаболков оцет се испира грлото кај првите знаци на настинка, а е мошне препорачливо да се понесе на пат (особено лете) шишенце оцет за да се спречи непријатноста во варењето на храната која обично се врзува за промената на водата и храната.

Во исхраната на спортистите, но и на интелектуалците, јаболковиот оцет и неговата комбинација со мед  би требало да зазема важно место. Овој оцет е пребогат со калиум, а тој влијае на работата на мускулите и нервите. Учествува и во биохемиските процеси на ќелиско ниво.

Ако со својот лекар сте исклучиле други причини, а чувствувате слабост, поспаност, грчење и болки во мускулите, веројатно само ви недостасува калиум; употребата на јаболков оцет дава набрзо одлични резултати.

Рецепти:

-Против хроничен умор:
Се помешуваат 3 лажички јаболков оцет со шолја мед, се сипа во тегла и се земаат секоја вечер пред спиење по 2 лажички од оваа мешавина. Друг начин е лажичка оцет да се сипа во чаша вода и да се пие за време на ручекот;

-Против главоболка:
Се испива чаша вода во која се разматени 2 лажици мед и 2 лажици јаболков оцет;

-Против изгореници:
На изгореницата се нанесува јаболков оцет неколку пати. Тоа ќе ја спречи појавата на плик и ќе ја ублажи болката;

-За снижување на крвниот притисок:
3 пати дневно се пие чаша вода со 2 лажици јаболков оцет;

-За промивање на грлото:
Во чаша вода се сипа лажичка оцет и се промива грлото на секои 2 часа;

-Против болки во синусите:
На секој час 7 пати се испива чаша вода во која е разматена лажичка јаболков оцет;

-Против ревматични болки во зглобовите:
Болните места во текот на ноќта се обложуваат со платнена ткаенина која е добро натопена со јаболков оцет, а потоа се обвиткува со сува фланелска ткаенина. Со секој оброк се испива чаша вода во која се разматени 10 лажички јаболков оцет;

-Против екцеми:
Заболените места се мачкаат со јаболков оцет 4 пати дневно и 3 пати во текот на ноќта. Набрзо екцемот и јадежот ќе исчезнат;

-За слабеење:
Секое утро на празен желудник се пие чаша вода со една до две лажички оцет или со секој оброк се испива чаша вода со 2 лажички оцет. Терапијата трае 2 месеца. Јаболковиот оцет влијае на согорувањето на одвишното масно ткиво;

-Против проширени вени:
Секое утро и вечер со чист јаболков оцет се трие кожата преку проширените вени и 2 пати дневно се испива чаша вода со 2 лажички оцет. Оваа терапија трае месец дена;

-Против митесери:
Еден дел јаболков оцет се меша со 8 дела вода и со таа течност 3 пати дневно се прска лицето.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion