Потребно време за читање: 2 минути

Да си еднакво критичен и самокритичен, е тоа е најпрепознатливото за секого што постојано осознава и досознава, испитува и преиспитува, оценува и преоценува. Можно ли е? Се разбира, но само доколку имаш сопствен критериум за сѐ вредно и невредно што те опкружува, со што те опкружиле. И многу важно: да не си ниту претерано критичен, ниту претерано самокритичен.

Јас сум доволно самокритичен при создавањето и критичен спрема создаденото.

Јас не сум мудар, и тоа го знам; други не се мудри, и тоа не го знаат.
Сократ

Со самиот себе не треба да се биде незадоволен, зашто е тоа малодушност. Уште помалку треба да се биде задоволен, зашто е тоа глупост.
Балтазар Моралес о Грацијан

За да може да се поправи самиот себеси, човекот мора да признае дека не е добар, а тоа никој не го сака.
Лев Николаевич Толстој

Ние сме подготвени самите себеси да се прекориме, под услов во тоа со нас никој да не се согласи.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Мајмуните се посупериорни од човекот во ова: кога мајмунот се посматра во огледало, тој гледа мајмун.
Малколм д Шазал

Најголемите реформатори што светот ги имал биле оние кои со реформи почнале од самите себе.
Џорџ Бернард Шо

Повеќето луѓе сонуваат само за тоа да ја подобрат својата среќа; малкумина се трудат да се подобрат самите себеси.
Пол Брантон

Премногу сум свесен за недостатоците на видот на кој му припаѓам за да му се лутам на кој било негов член. Мојот лек е: да се фатам во костец со злото кога ќе го видам, не повредувајќи го сторителот на злото, исто како што ни самиот не би сакал да бидам повреден поради грешките кои непрестано ги правам.

Прочитај и за ... >>  Мудроста на Лао Це

Во огромно мнозинство луѓето се спрема себе си субјективни, а спрема другите објективни, додека, за свое добро, би требало да се однесуваат спротивно.
Серен Кјеркегорд

Џентлменот се обвинува себеси, додека обичниот човек обвинува други.
Конфучиј

Кога ќе видиш некој добар човек, обиди се да го надминеш неговиот пример. Кога ќе видиш некој лош човек, испитај дали и ти ги имаш истите грешки.
Конфучиј

Многумина велат: „Немам среќа!“
Но ниеден да се сети
Па некогаш и тоа да го рече
Дека нема-памет.
Јован Јовановиќ Змај

Бидете строги спрема себеси, а благи спрема другите.
Латинска поговорка

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here