Потребно време за читање: < 1 минута

Се венчал млад пар. Бидејќи била таква традицијата, новопечениот маж се зачленил во Клубот на женети мажи. Имено, сите женети мажи членувале во тој клуб, а целта била дружење во петок навечер со неколку чаши пиво и пријатен разговор.

И така еден петок оженетите мажи се дружат и разговараат за тоа кој што најмногу сака да прави. Сите членови освен младоженецот биле постари.

Вели еден:

-Јас најмногу сакам да одам в кино.

Друг:

-Јас обожувам да играм шах.

Трет:

-А јас сум голем љубител на куглање.

Доаѓа ред на новопечениот маж:

-Јас најмногу сакам да ја е… мојата млада жена.

Постар колега го тапка по рамото и му вели:

-Разбира се, младоженецу драг, млад си, ама кога-тогаш ќе ти пројде таа еуфорија.

По дружењето младиот маж се враќа дома, а жената го прашува:

-И, миличок, за што разговаравте денеска?

-За тоа кој што најмногу сака да прави.

Прочитај и за ... >>  Помош од полиција

-И ти што рече?

Младоженецот малку се замислува, не сака да ѝ ја каже вистината на милата оти може да се навреди, па го вели првото што му паѓа на ум:

-Јас реков дека најмногу сакам да одам в црква!

-Не знаев дека си толку голем верник. Но добро, штотуку се венчавме, некои работи еден за друг сѐ уште не сме ги дознале…

Следниот ден младиот брачен пар се шета низ градот и наидуваат членови на Клубот на женети мажи. Еден од нив вели:

-О, Госпоѓо, слушнавме дека мажот ви најмногу сака една многу деликатна работа.

Госпоѓата:

-Ништо вие не му верувајте, само двапати беше внатре и заспа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here