Потребно време за читање: 2 минути

Интернетската комуникација претставува една од најголемите придобивки на глобалната мрежа. Се чини дека текстуалниот chat и гласовните разговори си го одиграа своето и се сѐ помалку интересни и користени.

Ги замени едно мало „апаратче“ кое, патем, и кај нас воопшто не е скапо, а се вика web камера (и добрите односно најдобите „класи“ се продаваат по достапни цени).

Видео комуникацијата со оваа минијатурна камера, што обично се става над мониторот или се држи в раце и се насочува, е повеќе од едноставна. Уредот се спојува во USB port, се активира соодветна програма и започнува бесконечното муабетење со милото и драгото (машко или женско) во Австалија, Канада, Америка, Африка… Притоа се служите со апликации како што се популарниот Skype, Windows Live Messanger, Yahoo Messanger, Ekige, Stickam итн. Она што особено привлекува е фактот дека сите разговори се сосема бесплатни.

Некои познати нешта на оние што секојдневно комуницираат „гледајќи се в очи“, а како препорака за вас:

Прочитај и за ... >>  И се брои времето на книгата

Сликата е извонредна, технологијата на денешните web камери веќе раскрсти со некогашната зрнетост и непријатните ненадејни трепнувања. Некои webcam програми знаат дури и да ги „испеглаат“ брчките, па и да ви го ретушираат лицето!

Меѓутоа, треба да се истакне дека видео комуникацијата е само една од погодностите кои ни ги нудат овие згодни оптички алатки. Имено, web камерата може да послужи и како прирачен скенер. На пример, зошто со неа да не сликате важен документ и по електронска пошта да му го испратите на оној кому му е потребен „во овој миг“?

Повеќето модели имаат вградена меморија, па можат да се користат како вистински мали дигитални фотоапарати. Тука е и примената во подрачјето на безбедноста-вперете ја web камерата во вратата на својата канцеларија и ќе го фатите неповиканиот „гостин“.

Конечно, со web камерите можеме и да се забавуваме. На Интернет може да се најдат безброј flash игри кои ги користат нивните единствени можности. Игрите одат од миење на виртуелни прозорци со помош на движење на раката, па сѐ до забавно шминкање на штотуку насликано лице.

Прочитај и за ... >>  20 години на WWW

Сосема е јасно дека web камерите се неверојатно корисни справички без кои едноставно не се може. Комуникацијата без видео веќе станува незамислива.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here