римско царство rimsko carstvo
Потребно време за читање: 3 минути

Автор на текстов под овој наслов, што го пренесувам од сајтот „Македонска нација“, е Тихомир Каранфилов, а извор му се два прилога: „Македонија на старите мапи“, Скопје 1992, и на М. Бошковски „Имињата на Македонија и Македонци во средновековните извори“, Скопје 2003.

Страбон бил историчар, географ и филозоф кој живее во I век пред нашата ера. Роден е 63-та дина п.н.е. во Амазеја (денешна Амазија во Турција), која била резиденција на кралот на Понт. Неговата мајка била Грузијка која потекнувала од кралската лоза на Митридат VI, кралот на Понт. Страбон, кој се родил откако земјата потпаднала под управа на Рим, се стекнал со римско државјанство што му овозможило да се здобие со високо образование. Во текот на својот живот (умира околу 19-та година п.н.е.) ги напишал делата: „Географија“, која содржи 17 книги и кои се сочувани речиси целосно, како и „Историски записи“ од кои не е сочувано ниту едно дело. Меѓутоа, за „Историските записи“ се знае од неговите написи во неговата „Географија“.
Страбон ги дава и границите на Македонија, но тие се граници по паѓањето на Македонија под римска власт, при што од повеќето римски и подоцнежни автори биле прифатени. Истовремено тој констатира дека:

Прочитај и за ... >>  Како да минете добро на разговор за работа

„Сегашна Македонија порано се нарекувала Ематија. Тоа име го добила според некој од нејзините владетели кој се викал Македон“.

Тргнувајќи од античките автори, може да се каже дека првобитното име на Македонија било Ематија, а за Македонците името Кауконци кои се спомнати во Илијадата како сојузници на Тројанците. Името Македонија за државата и Македонци за народот започнало да се употребува од VIII/VII век п.н.е., по формирањето на македонската држава од страна на владетелското семејство Аргеади во областа Орестида (чие, пак, постаро име било Макета).

Митските извори говорат дека Прометеј и неговата жена Пира на својот прв син му дале име Девкалион. А пак Хесиод во својот еп „Дела и денови“, вели дека ќерката на Девкалион, Тија, родила од Зевс два сина, Магнет и Македон. И Константин Порфирогенит, византсикиот император (913-953), во своето дело „За темите“, бележи дека, „Земјата Македонија е наречена според Македон, синот на Зевс и Тија, ќерка на Девкалион. Така Македон, синот на големата Ма(јка) Тија (Дија-Дијана–Дион), станува родоначелник на Македонците“.

Од старите карти со сигурност може да се каже дека територијата и границите кои го носат името Македонија отсекогаш биле релативно прецизно дефинирани, почнувајќи од античко време, па се` до денес. Ваков историски континуитет од 3.000 години на името на земјата и народот не е забележан кај другите балкански земји. Тоа ја потврдува Македонија како античка и библиска земја.

Прочитај и за ... >>  Пајаковите нишки како хируршки конец

Во старите записи и мапи од особено значење е фактот дека Македонците се прикажани како посебен народ, различен од Грците, Бугарите, Србите и другите народи на Балканот. Тие ги даваат историските факти, доказите за различниот политички и културен развој и посебноста на македонскиот народ.

Во зависност од моќта на државата, границите на Македонија биле променливи. Најголеми биле во времето на Александар III Македонски (336 – 323 п.н.е), кога Македонија се простирала од реката Дунав, па се` до реката Инд, но по неговата смрт и распадот на Македонската империја границите на Кралството постепено се смалувале.

Во историографијата најчесто се прифатени границите на Македонија кои ги воспоставил Филип II, а кои ги дефинирал Страбон. Тие се:

На север планината Бертиск (денешните северноалбански планини), планината Скард (денес Шар Планина, Сува Гора, Јакупица, северните падини на Бабуна), областите северно од Билазора (денешен Велес), денешно Овче Поле, планината Козјак и Осоговските Планини;

Источната граница на Македонија допирала до реката Места, јужните падини на планинскиот масив на Родопите и Пирин Планина на североисток;

Прочитај и за ... >>  Инвенција и имагинација

На југ западната граница допирала со Епир. Планините Олимп на југоисток и Пинд на југозапад биле најјужната граница на Македонија. Јужната јазична граница на Македонија од југ кон југоисток одела по реката Пенеиос (Пенча), областа Тесалија, Егејско Море со Халкидичкиот Полуостров и островот Тасос, и

На запад границата допирала до Јадранското Море, кое Римјаните го нарекувале Македонско Море, со областите јужно од Љеш, вклучувајќи ги градовите Драч и Аполонија.

Со други зборови, Македонија во антиката се наоѓала во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа се наоѓала меѓу Тракија на исток и Јадранското Море на запад, при што Тесалија била на југ од Македонија, а Дарданија на север. Илирија, пак, им била северозападен сосед. Според грчкиот географ Страбон, во границите на Македонија влегувале и градовите Драч и Аполонија, со што Македонија на запад излегувала на Јадранското Море. Но, овие граници за кои пишува Страбон се границите на Македонија по нејзиното паѓање под римска власт, при што од повеќето римски и подоцнежни автори биле прифатени.

Пренесено од http://mn.mk/)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here