Реч речовита- збор недозбор, дозбор, презбор

0
29

Ни треба реч речовита за речта да ни се слуша или чита. А и да ни се гледа. Да, таква наша реч се гледа исто како сончев зрак на изгрев, исто како искра љубов во зеница.

Ни треба збор недозбор, дозбор, презбор. За зборот да ни биде силен, моќен, достоен, доблесен. Силен за да сме си свои пред секого, моќен за да нѐ научат кои сме и што сме оние што од петни жили се обидуваат да нѐ замолчат, а се потешко им е наше дело, наше возвишение да одмолчат. Достоен со него во кое било време да достоиме, доблесен пред невреме со ветришта и црни облаци да бидеме гордо исправени како секогаш.

Во македонскиот народен говор има зборови што се веќе вкоренети и како реч речовита и како збор од недозбор до презбор. Еве неколку од нив:

надбега- наттрчува, престасува во бегање или трчање;
музгање- слизгање;
акран- врзник; возраст;
санким- зар; можеби, божем;
декика- минута, миг;
истијач- потреба, нужда, мака;
шутар- шут, глупав;
шејтан- ѓавол, сотона, враг;
јаникара- болест;
зембаре- мангуп, женкар

Моја како општонародна порака:

И зембаре да си и шејтан да си, сал шутар да не си, та декика да нема кој млад да те самоти. Санким од истијач или од јаникара да се музгаш во животецот, а камо ли некој да те надбега. Таков да си, за акран да си имаш со близок таков на стари години.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion