Потребно време за читање: 3 минути

Со разум секогаш, свој или од други, без него никогаш. Со разум секаде, свој или од други, без него никаде.

Па и во љубовта-откако ќе се случи. А таа, пак, никогаш не се раѓа од неразумност, туку од инстинктот, чувството, убавината.

Разумот владее кога вреди да се живее, кај што вреди животот.

Рекле некои за разумот:

Оние што се служат со ум владеат со оние што се служат само со рацете.
Конфучиј

Кога на земјата се би било разумно, ништо не би се случувало.
Фјодор Михајлович Достоевски

Никој не знае колку е старо човештвото, но на сите им е јасно дека е доволно старо за да може да покаже повеќе разум отколку што го прави тоа.
Бертранд Расел

Умот и гледа, умот и слуша; сите други се и глупави и слепи.
Епихарм

Пед силата размот молчи.
Жорж Фејдо

Не е доволно да се има здрав разум- тој треба и да се примени.
Рене Декарт

Разумноста е божји дар, но тоа се и страстите; разумноста исто така греши како и страстите.
Кардинал Џон Хенри Њумен

Кој својот разум не го избрал за водич, тој со своите дела ќе си го парчоса срцето.
Абдул Касим Мансур Фирдуси

Здравиот разум е само грст предрасуди што сме ги усвоиле до осумнаесеттата.
Алберт Ајнштан

Прочитај и за ... >>  Староста

Ако човекот дваесет и четири часа порано од сите други е во право, тогаш дваесет и четири часа го сметаат за човек кој нема здрав разум.
Антоан де Риварол

Кога љубовта сака да зборува, разумот мора да молчи.
Барух Спиноза

Кој живее според водството на разумот, му посакува исто така на друг добро кое за себе го жедува.
Барух Спиноза

Човек кој го слуша разумот е изгубен; разумот ги сопира сите оние чиј дух не е доволно силен за да му се опира.
Џорџ Бернард Шо

Јас верувам во разум.
Бертолд Брехт

Срцето има свои причини кои разумот не ги познава.
Блез Паскал

Ниедно разумно суштество не било предмет на култ, не станало славно, не оставило свој печат на ниеден настан.
Емил Сиоран

Разумот е прва жртва на силни чувства.
Франк Херберт

Секој поседува токму онолку суетност, колку што му недостасува разум.
Фридрих Вилхелм Ниче

Блазе тебе ако разумот секогаш во срцето ти престојува.
Фридрих Шилер

Многумина не го губат разумот само затоа што и го немаат.
Балтазар Грацијан и Моралес

Не може да се живее без разум, сопствен или позајмен.
Балтазар Грацијан и Моралес

Имај храброст да се служиш со сопствениот разум.
Имануел Кант

Просветителството не барало ништо друго, туку слобода на човекот, и тоа онаа нерасипаната слобода, пред се, што било слободата да значи во тој контекст; имено, онаа слобода која со својот здрав разум може да ја употреби во сите делови на јавниот живот.
Имануел Кант

Прочитај и за ... >>  Мудроста на Лао Це

Човек без разум е исто така без волја. Кој нема разум, дозвлува да биде заведен, заслепен и од други да се употреби како средство. Слободен е и незавиен само оној што мисли.
Лудвиг Андрес Фоербах

Зло е кога силата живее без разум, но не е ни добро кога разумот живее без сила.
Максим Горки

Има луѓе чиј разум свети и луѓе чиј разум блеска. Првите ја осветлуваат својата околина, другите ја замрачуваат.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Ништо не може да ја излечи душата освен разумот, како што ништо не може да го излечи разумот освен душата.
Оскар Фингал Вајлд

Каде што верата е господар, таму разумот е слуга чија должност е да молчи.
Шандор Петефи

Човечкиот закон има дотолку својство на закон, доколку е во согласност со здравиот разум. Кога, напротив, еден закон е во спротивност на здравиот разум, се нарекува неправеден закон; во таков случај престанува да биде закон и повеќе станува чин на насилство.
Тома Аквински

Најголемата слабост на разумот се состои во недоверливоста спрема силата на разумот.
Висарион Бјелински

Прочитај и за ... >>  Пораки на Сенека

Што е човекот ако му се препушти само на студениот пресметан разум? Злосторник, тежок злосторник.
Уго Фосколо

Ние се жениме според инстинктот, а се разведуваме според разумот.
Сенека

Бистрата река на разумот не ја губи својата насока во сувиот песок на навиките.
Рабиндранат Тагоре

Разумот не ме научи на ништо; се што знам ми го дало, ми го открило срцето.
Лев Николаевич Толстој

Кога е виното внатре, разумот е надвор.
Френсис Бекон

Разумот и постои за човек да го постигне она што го сака.
Фјодор Михајлович Достоевски

За да се постапи разумно- малку е да се има само разум.
Фјодор Михајлович Достоевски

Кој го води кон разум оној што мисли дека има разум, залудно се труди.
Демокрит

Нашите предрасуди се наши љубовници; разумот во најдобар случај е наша жена, мошне често потребна, но ретко приврзана.
Лорд Честерфилд

Сочувството е поважно од интелектот за да ја повика љубовта која е потребна за мировна работа, а интуицијата е понекогаш подобар рефлектор во темна ноќ отколку здравиот разум.
Бети Вилијамс

Разумот може да замени речиси секој степен на образование, но образованието не може да го замени разумот.
Артур Шопенхауер

Ако човештвото било отсекогаш разумно, историјата не би била долга хроника на глупости и злосторства.
Артур Шопенхауер

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here