Разлики помеѓу мажите и жените

0
39

Дали се потребни посебни истражувања за откривање на разликите помеѓу мажот и жената? Зарем тие не се познати? Има нешто непознато што ги оддалечува еден од друг?

Се знае, ама и малку се знае или воопшто не се знае. Особено од она што е дел од нивниот физикус, пред сѐ анатомската структура, психо-физичкиот потенцијал и внатрешниот свет.

На пример, малкумина знаат дека:

-просечниот машки пулс е од 70 до 72 отчукувања во минута; кај жените тој изнесува од 78 до 82 отчукувања во минута;

-просечната тежина на мозокот кај мажите изнесува 1.900 грама, а кај жените околу 1.300 грама, но тоа нема никаква врска со коефициентот на интелигенцијата;

-четвртина од сите мажи знаците на ќелавост ги забележуваат до својата 25-та година, а половината се ќелави во 50-тата. Само 5% од жените имаат „ќелави” проблеми до својата 70-та година;

-на водата во машкото тело отпаѓаат 60% од вкупната тежина, а 55% кај жените;

-еден од 5-мина мажи има шанси да добие инфаркт пред 60-тата година; кај жените дури една од 17 жени добива инфаркт до својата 60-та;

-далтонизмот-слепило за боја погодува 40-мина мажи од 1.000, а само 3 жени од 1.000 не разликуваат бои;

-мажите се најголеми „сексуалци” помеѓу своите 20 и 23 години, а својот сексуален максимум жените го достасуваат дури во средните 30-ти години;

-просечниот маж во текот на животот има 7 партнерки, а просечната жена тројца партнери;

-околу 22% од мажите уживаат да водат љубов со запалено светло, а само една од 5 жени сака светло во интимните моменти;

-во просек мажите се женат во 27-та година, а повеќето од нив би сакале тоа да се случи во 23-та; кај жените, пак, кога би можеле да избираат, тие би се мажеле во 21-та, а во просек се мажат помеѓу 24-тата и 25-тата година;

-само четворица од 20-мина мажи редовно посетуваат заболекар, а околу 57% од жените го посетуваат најмалку еднаш годишно;

-и искуствено сознание: жените се поемотивни, но и порационални во однесувањето, а мажите се поимпулсивни и понеразумни во решавачки моменти.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion