Привилегиите на малите претпријатија

0
33

Си го поставувате ли поначесто прашањето: зошто работејќи не заработувате повеќе пари, па и нешто повеќе од пари? Се разбира, се мисли пред сѐ на задоволствотво во и од работата. А што ако работите на погрешно место? Можете тоа сами да го откриете?

Ќе се разочарате: тешко, доколку не пробате, доколку не ризикувате. А во нашава земја да ризикувате со тоа што, на пример, самоволно ќе го напуштите одвај дочеканото, пронајденото прво вработување, за да проверите да не ви е погрешно…

Па сепак, има една можност или решение, кое  го примениле и го применуваат мнозина кај нас, бидејќи „условите“ тоа го дозволуваат: напоредно, не напуштајќи го работното место, и не само во слободното време, да почнете, да отворите мал, сопствен бизнис, па ако со тек на време се пронајдете во него, ако ептен ви тргне ќе биде лесно да си дадете отказ.

Како и да е, едно искуство од (нај)развиениот бизнисменски свет може да ви користи. Всушност, станува збор за резултат од најново истражување за привилегиите на малите претпријатија во однос на големите. Па се тврди дека: ако задоволството не ви е само „изразено“ во пари, да ги имате што повеќе и повеќе, туку и во нешто друго, тогаш или формирајте си мало претпријатие за бизнис за кој ептен ве бидува, или вработете се во такво. Во големо не.

Истражувањето, што го спроведе веб сајтот (www.salary.com), најнапред покажало дека вработените во малите комапнии веруваат оти добиваат мноштво на непарични привилегии поради кои се многу задоволни. Она што е битно е дека тие во нив обично имаат помали плати.

Службениците на тие мали фирми, кои обично имаат помалку од 50-мина вработени, велат дека работат во нив оти им нудат подобар, поизбалансиран однос помеѓу животот и работата. Со други зборови, ниту животот им го скусува работата, ниту пак работата им одзема од животот повеќ од „нормално“.

Откриено е, исто така, нешто што посебно важи за наши услови, а на се поголем број од нас почнува да им пречи, па дури и да им го загрозува нивниот човечки, егзистанцијален опстој: во малите компании има помалку канцелариско политизирање, но и шефови кои се сметаат дека се подоверливи за своите службеници.

Сепак, има нешто што е на страната на другата страна: од службениците кои искусиле и големи и мали компании, 72% велат дека пакетите на бенефиции-како што се здравственото осигурување и боледувањето- се подобри во големите компании.

Salari-dot-com истакнува дека, во случај да ја проценувате понудата на некоја мала фирма, треба да очекувате акцентот да биде ставен на привилегиите односно повластиците кои не се огледаат во парите.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion