Приказна за месец мај

0
5

Мај, петтиот месец во годината според Грегоријанскиот календар, е еден од седумте кои имаат 31 ден. Според црковното сметање на циклусите, тој е осми месец.

Мај е есенски месец на јужната хемисфера и пролетен на северната. Затоа мај во јужната е сезонски еквивалент на ноември во северната хемисфера и обратно.

Наречен е или според римската божица Маја, мајка на Меркур, или според древноримската божица на плодноста Бона Деа, чиј што празник бил во мај.

Старото словенско име било тревен, буквално „тревен месец“-месец во кој никнува тревата.

До Цезаровата реформа на календарот во 45 г.пр.н.е. бил mensis tertius-трет месец во годината.

Маја била ќерка на Атлант и Плеона, најубавата помеѓу Плејадите- седумте ѕвезди во соѕвездието Квачка, чија појава на небото го обележува почетокот на жетвата и пловидбата, а исчезнувањето време за сеидба и враќање на бродовите во сигурните пристаништа.

Маја живеела во една сенчеста пештера на планината Килена, во Аркадија, одбегнувајќи го друштвото на боговите. Во неа често се состанувала со Зевс, кому по десет години му го родила синот Хермес, најлукавиот помеѓу боговите.

Некои прикажуваат дека Маја по смртта на Калисто го прифатила и го одгледала малиот Аркад.

Според други извори, Маја е староиталска божица на природата, првенствено на плодната земја и растенијата. Се спомнува како Фаунова ќерка и Вулканова сопруга. Вулкановиот свештеник  и жртвувал свиња на мајските календи. На 15. мај е славен вториот празник на оваа божица, кај Меркуровиот храм, во близина на Големиот цирк. Тој ден го празнувале главно трговците кои им принесувале жртви на Меркур и Маја. Маја е поврзана со Меркур под влијание на митот за Хермесовата мајка Маја.

Римскиот поет Овидиј дава интересна терминологија за овој месец: името го добил според maiores, латински за „старешина“ и оти наредниот месеца (јуни) го добил името според iuniores или „млади луѓе“.

Интересно е дека во Јапонија постои тн. „мајско боледување“-боледување типично за учениците и работниците кои започнуваат да чувствуваат умор од учењето или работата. Причина за тоа е јапонскиот обичај учебната и работната година да започнуваат на 1. април.

Забележани се три македонски-народни имиња за месец мај:
ѓурѓовденски-според празникот Ѓурѓовден; на 6. мај-празник на оживување на природата и плодноста на стоката;
црешар-во овој месец стасуваат и се збираат црешите;
косар-месец на косењето.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion