Потребно време за читање: 5 минути

Досега се изнаслушавме разни предвидувања за иднината на човековата цивилизација и судбината на планетата Земја. Притоа, не се толку интересни, тие и онака се малку на број, колку промашувањата.

Меѓутоа, има едно, кое дури не би требало да се смета за предвидување, туку за нешто што веќе ѝ се случува на Земјата и допрва ќе добива драматични размери, и тоа со научна втемеленост: слабеењето на магнетното Земјино поле и нејзиното јадро.

Најнапред, еве некои од поинтересните промашени предвидувања во блиското и далечното минато:

-Др. Ли ДеФорест, пронаоѓач на телевизијата: „Човекот никогаш нема да стаса до Месечината, без оглед на сите научни откритија“;

-„Бомбата никогаш нема да експлодира. Ви го кажувам тоа како стручњак за експлозив“- изјави адмиралот Вилјем Лејхи, US Atomig Bomb Project;

-Добитникот на Нобеловата награда за физика во 1923 година Роберт Миликан: „Човекот никогаш нема да може да ја користи енергијата на атомот“;

-„Во иднина компјутерите ќе бидат полесни од 1,5 тон“, стои во „Popular Mechanics“, предвидување на напредокот на технологијата, 1949;

– Томас Ватсон, претседател на IBM, во 1943. изјави: „Мислам дека на светот постои пазар за околу 5 компјутери“;

-„Ама…што ќе ни го тоа?“- Инженер во Advanced Computing Systems Division во IBM, 1968, коментар за микрочип;

-Бил Гејтс во 1981. изјави: „640 KB е доволно меморија за секој“;

-Western Union, 1876.: „Тој ‘телефон’ има премногу мани за да се размислува за него како за средство за комуникација. Уредот нема никаква вредност“;

-Партнери на Дејвид Сарноф во врска со инвестирањето во радиото во 1920: „Безжичната музичка кутија нема никаква комерцијална вредност. Кој би плаќал пораки кои никому не му се испратени?“;

„Идејата е интересна и убаво обработена, но за да добиете повеќе од тројка таа мора да биде изводлива“-коментар на професор по менаџмент на Јејл во врска со трудот на Фред Смит кој го опишува системот за испорака во рок од 24 часа (Смит подоцна го основа FedEx).

Прочитај и за ... >>  Галаксии-Галактики

Колку ви звучи катастрофично тврдењето дека планетата Земја веќе не се движи според „Њутновиот“ закон? А тоа дека ни се заканува уште поголемо слабеење на Земјиното магнетно поле?

Пчелите се ориентираат според него, а бидејќи исчезнуваат, значи дека почнуваат да се случуваат големи промени на магнетното поле. Едновремено се намалува и заштитата на Земјата од вселенско зрачење, што дефинитивно влијае и врз засилените зрачења кои можат да имаат далекусежни последици за човекот. Научниците се повеќе детектираат такви силни вселенски зрачења кои веќе влијаат врз Земјината јоносфера.

Факти:

Се чини дека Нострадамус, Маите и ведите не се единствените кои ја спомнуваа апокалипсата и значајните промени во 2012. година:

За таа иста година во своите пророштва говорат и Инките, Египтјаните, Ацтеките, Хопи Индијанците и многу други племиња, а интересно е да се спомне дека со тие пророштва се согласува и Библијата, па дури и некои други вери.

Дури и научниците почнаа апокалипсата да ја земаат сериозно, а владата на Норвешка започна проект за изградба на подземни засолништа, за кои се изјаснил и еден нивни политичар велејќи дека имаат намера да обезбедат дури 2 милиона луѓе.

Сепак, најдобро од сѐ е дека сите пророштва се согласуваат оти тоа нема да претставува масовно уништување, туку ќе дојде до просветлување на луѓето и нов и подобар живот.

Еден руски научник, пак, смета дека Сонцето е одговорно за глобалното затоплување на климата на Земјата, CO2 практично нема влијание:

„Луѓето не се во состојба да дадат каков било придонес за глобалното затоплување на климата и значајното заладување на Земјата што неизоставно ќе уследи по затоплувањето“.

Авторот предвиде дека тоа ќе се случи помеѓу 2012. и 2015. година.

Што се однесува на менувањето на магнетските полиња на планетата:

Тие стануваат посилни. Магнетното поле на Јупитер се зголеми и повеќе од двојно. Магнетното поле на Уран се менува. Нептуновото магнетно поле се зголемува. Тие планети стануваат посветли. Нивните атмосферски одлики се менуваат. Се чини дека Уран и Нептун неодамна „доживеале“ промена на половите.

Прочитај и за ... >>  Вулкани- Зона на тишината

Кога вселенската сонда Voyager 2 помина покрај Уран и Нептун, северните и јужните магнетни полови беа поприлично поместени од ротационите полови на тие планети. Во првиот случај тоа беше 50 степени, а во вториот околу 40 степени, што се прилично големи промени.

Воопшто, промените можат да се поделат на три категории: промени на енергетското поле, промени на осветленоста и атмосферски промени.

Вкупната вулканска активност се зголемила за 500% од од 1875. до 1975. година, покажа со свое истражување Мајкл Мандевил. Вкупниот број на земјотреси е зголемен за 400% само од 1973. Бројот на природните катастрофи е зголемен за 410% во периодот од 1963. до 1993.

Др. Димитриев направил мошне опсежна калкулација на природните катастрофи, која покажала дека ако ги споредите годините од 1963. до 1993., вкупниот број на природни катастрофи од разноразни видови-било да е збор за урагани, тајфуни, лизгање на кал, плимни бранови, што било-се зголемил за 410%.

Сончевото магнетно поле се зголемило за 230% од 1901.:

Др. Мајк Локвуд, научник од Rutherford Appleton на Националната лабораторија во Калифорнија, го истражувал Сонцето. Во својата студија тој предочил дека од 1901. вкупното магнетно поле на Сонцето станало 230% посилно одошто било претходно.

Во прашање е повеќе од „само“ промени на Земјата:

Сѐ на сѐ, во прашање се многу повеќе од „обични“ промени кои можеме да ги наречеме Земјени. Одредени поединци дошле до идеја дека е овде збор и за меѓудејство помеѓу Земјата и Сонцето.

Мошне малку луѓе се запознаени со работата на Руската национална Академија во Сибир, поточно во Новосибирск, каде што се врши истражувањето. Тие научници дошле до заклучок дека единствена можна причина на овие енергетски промени, што се јавуваат во рамките на целиот Сончев систем, е неговото влегување во подрачје на поинаква енергија-повисока, односно понабиена енергија.

Прочитај и за ... >>  Тајните на Арктикот и Антарктикот

Волуменот на сјајната плазма на предниот раб на нашиот Сончев систем се зголеми за 1000%:

Само Сонцето го поседува своето магнетно поле (како и Земјата), и тоа магнетно поле создава јајчест облик околу Сончевиот систем, познат под називот хелиосфера. Всушност, таа има облик на капки солзи, чиј подолг и пократок крај е насочен спротивно од насоката во која патуваме. Наликува на комета чија опашка секогаш се покажува спротивно од Сонцето.

Руски научници го посматрале заоблениот раб на оваа хелиосфера и забележале постоење на сјајна разбранета енергија на плазмата. Таа енергија била со дебелина од 10 AJ (астрономски единици)-1 астрономска единица е растојание од Земјата до Сонцето, околу 148.800.000 километри. Десет астрономски единици преставува нормална дебелина на оваа блескава енергија која може да се види на предниот крај на Сончевиот систем.

Денес таа сјајна плазма нараснала на 100 астрономски единици. Иако текстот на Димитриев не назначува точен временски период, можеме да претпоставиме дека ова зголемување се случило во истиот период од 1963. до 1993., во кој го открил и зголемувањето на бројот на природни катастрофи (дисастерс). Секогаш кога се случило тоа, во прашање е илјада-процентно зголемување на целокупната светлина на енергијата на предниот раб.

Тоа значи дека Сончевиот систем се движи кон подрачје со повеќе набиена енергија. Таа високо набиена енергија ја побудува плазмата и предизвикува создавање на повеќе плазма, а последица на се е повеќе луминисценција, повеќе светлина. Таа енергија влијае и врз Сонцето, кое тогаш ја осветлува енергијата и ја распространува вдолж својата екваторијална еклиптика. Последично, се јавува заситување на меѓупланетарниот простор со енергија, што предизвикува соларните емисии да патуваат побрзо и да го зголемуваат набојот на енергија на планетите.

(Користени повеќе прилози објавени на Интренет, како и енциклопедиски одредници)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here