Правила за исполнет живот

0
17

Што е тоа исполнет живот? Висок стандард, задоволување на сите потреби, од најмали до најголеми? Живот со многу мигови на радост, ведрина, љубов? Само здравје, ништо друго?

Незадоволството од животот најмногу го изразуваме со тоа што никогаш немаме доволно време, ниту за себе си, а камо ли за други. Им завидуваме на оние што се над нас или имаат повеќе од нас. А над се, се истоштуваме итајќи кон недостижна цел.

Експертите-психолозите, психијатрите и многу други „здравствени“ тврдат дека убавиот, исполнетиот живот е всушност едноставен, лесен, убав, со задоволства на секој чекор и во секој миг од денот и ноќта. Достатно е само ако се придржуваме на некои правила:

1. Секој ден неколку минути поминете во тишина

Да можете да седите во мир и тишина секој ден барем неколку минути и не размислувајќи, тоа е тајната состојка на среќен и успешен живот. Тоа нека ви стане редовна работа. Секој ден издвојувајте 10 минути за себе. Седете на тивко место, не размислувајте за минатото и иднината. Само концентрирајте се на дишењето. Ова не е јога или медитација, ова се само неколку мирни моменти за вас. Ако го правите тоа секој ден, ќе забележите дека ви се подобрил квалитетот на животот.

2. Вежбајте ги умот и телото

Секојдневното вежбање ве држи ментално и психички будни. Физичката вежба го држи вашето тело флексибилно, јако и здраво. Исто така позитивно влијае врз умот. И само одењето на чист воздух ќе направи да се чувствувате подобро.

3.Бидете умерени во јадењето

Тоа е голем предизвик за многумина луѓе. „Ти си она што го јадеш“ е вистина која зборува за вас. Што јадете, кога јадете и како јадете-се важни фактори поврзани со физичкиот, психичкиот и духовниот живот. Мошне е важно здравата избалансирана исхрана да биде ваш стил на животот. Освен што ќе немате проблеми со вишокот килограми, ќе се чувствувате подобро психички и физички.

4. Изберете работа што ве исполнува

За квалитетен живот е битно да имате работа што ја сакате. Ако не сте задоволни од работното место и ако работата не ве исполнува, настојувате да побарате друго односно поинаква работа и средина која ќе ве мотивира. За да бидете продуктивни и исполнети, треба да ја сакате својата работа.

5. Одржувајте ги пријателствата

Животот е прекрасен кога се дели со драги лица, со семејството и пријателите. Научете да ги цените своите пријателства. Почитувајте ги луѓето околу себе и развијте комуникациски вештини за да изградите и одржувате квалитетни пријателства. Пријателите ви даваат посебно значење вам и на вашиот живот.

6. Спијте доволно

Со спиењето ја обновувате енергијата. Погрижете се да спиете минимално осум часа. Длабокиот, опуштувачкиот и мирен сон е важен и за телото и за умот. Ако имате нездрави навики на спиење, ќе бидете раздразливи, уморни и незадоволни. Секој ден во исто време одете на починка, а уредниот сон ќе му даде нова димензија на вашиот живот.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion