Потребно време за читање: 2 минути

Политичарите биле вчера и се денес најпознатите личности во светот? Најнапред, големо прашање е дали е можна мерливост на „најпознатоста”, односно според кој критериум се правело или би се правело рангирањето, а потоа колку трае и од што зависи нејзината форма и содржина. Притоа, под форма се подразбира појавноста, јавното појавување и однесување, реакции во стандардни-„политички” ситуации и во нестандардни-лични и колективни, а кои немаат директна врска со политичката активност и дејствување.

Во последно време се бележат и забележуваат нестандардни ситуации и однесувања на водечки европски и светски политичари кои многу повеќе ги откриваат како обични луѓе, дури и не баш блиски до светскиот џет сет. Како да се обидуваат да урнат некои одамна затврдени претстави за нив. На пример дека водат нормален, слободен живот, но и неретко им стануваат неподносливи правилата на протоколот. А најмногу се трудат да бидат прифатени, сакани, дури омилени како „обичниот” народ.

Прочитај и за ... >>  Што е „супербогаташ“?

Силвио Берлускони, поранешен италијански премиер и сѐ уште актуелен политичар, во врвот (без оглед на длабоката старост-има 82 години) имал во животот многу секс скандали кои додатно ги влошувал со своите интервенции и лаги. Еден од незаборавните, од пред 10 години-во 2008.:

Обвинители од Рим наредиле да запленат стотина папарацо фотографии кои докажувале дека тој се „дружел“ со младата убавица Ноеми Летиција, а се појавил и на прослава на нејзин роденден по што сопругата поднела барање за развод.

Спорните фогографии ја прикажувале прославата на Нова година во друштво со Ноеми, како и одмор на Сардинија во вилата „Цертоса” во друштво на анонимни топлес убавици. Прикажувале и забава во истата вила која Берлускони ја приредил за тогашниот чешки премиер Мирек Тополанек.

Берлускони издејствувал заплена на фотографиите зашто во своето барање до надлежното тело навел дека се работи за „апсолутно интимни, но легални дејствија, без никаква важност за јавноста”. Фотографот Антонело Западу, кој сликите му ги понудил на весникот на Берлускони „Панорама” за милион ипол евра, истражителите, пак, го испитувале поради нарушување на приватноста и измама, пренесе „Анса”.

Прочитај и за ... >>  Четири договори

Меѓутоа, италијанскиот весник „L’Espresso” објави текст под наслов „Харемот на Берлускони” со детали од прославата во вилата на премиерот во 2007. година, кога Il Cavaliere таму довел дури 50 убавици! Во текстот беше наведено дека забавата завршила со спектакуларен огномет, а на неа присуствувале „најмоќните и најбогатите луѓе во Италија”. Младата Ноеми тогаш сѐ уште не го запознала Берлускони.

А скандалот почнал со заминувањето на Берлускони на роденденската забава на Ноеми Летиција, која како подарок од премиерот добила околу 7.000 евра вреден дијамантски гердан, по што неговата сопруга поднела барање за развод. Кога подоцна го прашале од каде ја познава убавицата, Берлускони рекол дека нејзиниот татко му бил возач на поранешниот премиер Кракси. Но децата на Кракси им се обратиле на медиумите и рекле дека за тој возач никогаш не чуле, па Берлускони бил фатен во првата лага. Потоа рекол дека девојката ја гледал само во присуство на нејзините родители, што исто така не било вистина.

Прочитај и за ... >>  Ведрината

Се чини дека е по малку вистинита шегата на Роберто Бењини-дека Берлускони „во животот имал 20 жени, но само две биле негови сопствени”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here