Потсвеста

0
8

Потсвеста е душевна состојба, односно хипотетично постоечки слој на психиката, непристапен на интроспекцијата.

Според некои теории, таа се наоѓа под прагот на свесната очебијност, но значително влијае врз општото однесување, мислењето и постапките на свесниот субјект.

Принципиелно, за разлика од несвесното поствесното (иако тие два поима често се идентификуваат), е пристапно на забележувањето и може од работ на свесното да се пренесе во самата свест, да се направи очебијно.

Фројдовата психоанализа, а подоцна и Адлеровата индивидуална психологија и Јунговата психолошка типологија, го засноваат толкувањето на сите психички феномени, како и самата психолошка терапија, на поимот на потсвесното. Сите неврози (на пример, различни форми на хистерија и тн. принудни неврози) според тие теории се последица на „потиснувањето на чувствено нагласени комплекси во потсвеста: да се довикаат во свеста значи наедно и да се излечи болниот.

Но, додека таа замрачена, често уште во младоста неизживеана и поради тоа потисната свест има кај Фројд карактер на сексуални пориви (либидо), а кај Адлер е означена како постојан стремеж за потврдување на моќта, Јунг не ја одредува квалитативно, туку ја смета за неиздиференцирана сила од која произлегуваат сите животни потфати и процеси на психата.

За В. Штерн потсвеста содржи „траги на забележувања, навики, произлезени од механизацијата на свесните волеви дејствија, како и чувствата, желбите и стремежите кои во состојба на потиснатост непрестано влијаат врз други свесни доживувања, па дури и врз непсихичкиот живот на личноста“.

Меѓутоа, поновата психологија предупредува на многу потешкотии кои произлегуваат од таквото непречекорливо делење на човечката психа на свест и потсвест, а и на можноста од создавање на многу произволни хипотези кои произлегуваат од таквите подвојувања (на пример Едиповиот комплекс). Затоа претежно ги отфрлува психоаналитичките тези за изворното и примарно дејствување на потсвесното врз севкупното човечко однесување.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion