Помош од полиција

0
111
полиција policija

-Ало, полиција?

-Да, како можеме да помогнеме?

-Сакам да го пријавам соседот Трпе, крие марихуана во шупата.

-Ќе испратиме патрола.

Реклама

Утредента полицајци доаѓаат кај Трпе, ја претресуваат целата шупа со дрва, ги расцепуваат дрвата за да најдат марихуана, но ништо од тоа.

Вечерта ѕвони телефонот кај Трпе:

-Здраво Трпе, дојдоа полицајци?

-Да, да, дојдоа и ги исцепија дрвата.

-ОК. Е, сега е ред на тебе да ме пријавиш, треба да ми се прекопа градината.