Потребно време за читање: < 1 минута

Потсетување (научено, а можеби (под)заборавено) на основното за општонародната и дијалектната лексија.

Општонародна ја сочинува основата на зборовниот состав. Се разликуваат 3 групи: разговорна-зборови кои се употребуваат во усната форма на стандардниот (литературниот) јазик, а при говорот не се нарушува нормата, но звучи неофицијално, неприсилено; книжна-основата на писмената форма на јазикот што ја употребуваат писателите со свесен избор на зборови за создавање на уметничко дело; и поетска лексика-која се одликува со поголема експресивност и сликовитост.

Дијалектна лексика е составена од дијалектизми-зборови кои се употребуваат на определена територија и од ограничен број луѓе.

Eве десет помалку познати архаични и (под)заборавени македонски зборови:

-шубе-сомнение, грижа;
-стреш-внимание;
-дувар-ѕид;
-кандарасува-наговара;
-ачик-отворен; итар;
-навиле-залудно, напразно;
-покосница-морница;
-текрар-повторно, одново;
-јарадисува-создава, твори;
-светрум-брзо, наеднаш.

Моја порака со употреба на зборовиве:

Со стреш и шубе текрар ме задумува брадосанион. Покосница ми лази во крвта оној што до вчера ми се видуваше оти јарадисува за наше добро. Светрум се сврте, како во дувар да удрил, како да го кандарисале оние одлево за да му дојде навиле оддесното. Вистина е оти ачикот колај се дал да го превртат есапџиите и бељаџиите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here