Потребно време за читање: 4 минути

А можеби не сте ни чуле за некои од нив…

– Распутин
– Олимпија
– Шарл Морис д Талејран-Перигорд
– Јелу Чукаи
– Големиот везир Ај

1. Човекот зад Цар Николај Втори: Распутин

Николај Втори бил последен руски цар затоа што Ленин и комунистите го убиле по револуцијата. Тоа дека не преживеал и не е баш чудно, имајќи предвид дека човекот бил толку лош во својата работа што веројатно и мрољубивите Норвежани би го стрелале од мака.

Но, целата ситуација со неспособниот цар ја искористил бизарен лудак по име Грегориј Распутин. Овој мистик и самонаречен доктор го повикале на дворот за да го излечи од хемофилија Алексеј, синот на Николај. А бидејќи дури имал некој успех во лечењето, Распуќин брзо стекнал влијание. Всушност, станал духовен татко на царицата. Потоа се прочуло дека тие двајца биле љубовници. Но, како што обично бидува, таквата приказна не стасала до царот, па Распуќин цела деценија жарел и палел низ дворот, советувајќи го царскиот пар за сите важни прашања.

Така, на Николај му рекол дека Русија ќе победи во Првата светска војна само ако тој ја предводи војската. Што е веројатно најлош совет кога било, зашто Николај немал воено искуство. Но сакал пророштва, па лично ја одвел руската војска во пропаст.

Додека тој ги губел битките, Распутин ја убедил царицата Александра да постави негови луѓе на важни места.

Некој сепак забележал дека ѓаволот ја однел шегата, па на 16. декември 1916. година група завереници го отрула, стрелала, обесила, претепала и конечно го убила овој лудак.

Меѓутоа, последиците од неговиот лик и дело се гледаа долго. Се случи Октомвриската ревлоуција, царот беше убиен, дојде Сталин, Русија ја окупира источна Европа 50-тина години, Тито рече НЕ…

Прочитај и за ... >>  Симфониската поема и нејзините најзначајни претставници

2. Жената на Александар Велики: Олимпија

Како што се вели, зад секој успешен маж се крие жена. Е па, ако некој бил успешен тоа бил Александар Велики. На пример, затоа што го освоил целиот познат свет. Што не им пошло од рака баш на многумина.

Но, освен тоа што бил храбар војсководец и суров освојувач, бил и мамино синче. А неговата мајка Олимпија била убава, моќна и мошне вклучена во одлуките на Александар. Кога се поставило прашањето за Александровото владеење со престолот, таа тврдела дека ја оплодил Зевс лично. Освен тоа, ги отрула преостанатите претенденти на престолот. Кога нејзиниот маж Филип зел друга жена, таа организирала атентат. Многу веројатно, иако нема јасни докази за тоа.

А додека Александар освојувал и освојувал, Олимпија убаво владеела со Македонија. Дури по неговата смрт некое време жарела и палела. Додека од неа не се ослободиле помладите и поамбициозните наследници на тронот.

Инаку, најголемата гробница од Антиката, неодамна откриена во Грција, во близина на Солун, е мошне веројатно дека ѝ припаѓа токму нејзе. Јасно е колку била моќна.

3. Човекот зад Наполеон: Шарл Морис д Талејран-Перигорд

Многу е веројатно дека никогаш не сте чуле за човекот со долго име: Шарл Морис д Талејран-Перигорд (Charles Maurice de Talleyrand-Perigord). Па сигурно не, така е тоа со владетелите од сенка.

Е па, додека Наполеон војувал со целиот свет во целата своја кариера, дома бил Шарл Морис д Талејран-Перигорд. Титулата му била министер за надворешни работи. Што е по малку иронично, имајќи предвид дека Наполеон практично со сите СТРАНСКИ земји бил во војна.

Прочитај и за ... >>  За способноста и талентот

Но, Талејран-Перигорд бил сѐ е само не обичен послушник на еден лудак. Тој тајно склопувал договори со Австрија и Русија, обидувајќи се да го заузда Наполеон. А освен тоа, сето време успевал да биде на вистинската страна политички. Односно да не остане без својата драгоцена глава на гилотина.

А кога Наполеон сфатил дека овој малку му работи зад грб, ги собрал сите министри и му рекол дека би требало „да го скрши како стакло“. А тогаш Талејран-Перигорд малку уморно се проѕевнал и рекол дека е штета што толку голем човек има толку лоши манири.

Иако добил отказ, поради преголемата поддршка на сите битни луѓе на Франција не му фалело ни влакно на главата, а Наполеон излегол поприлично лошо момче во целата приказна, па се смета дека овој настан е почеток на неговиот крај.

А кога е соборен од власта, токму Талејран-Перигорд му овозможил на Наполеон да отиде на осамениот остров во Атлантикот во егзил. Што, ќе признаете, е мошне коректно.

И како што рекол стариот добар Талејран-Перигорд: „Режимот може да падне, но не и јас“.

4. Човекот зад Џингис Кан: Јелу Чукаи

Освен тоа што бил еден од најголемите освојувачи на сите времиња, Џингис Кан е исто така предок на околу 1% од денешната светска популација. Сакал човекот жени.

Тајната на неговиот успех е организацијата на монголските племиња. Според нив дури и Толкин ја создал војската на орките во „Господар на прстените“.

Сепак, јасно е дека не постои човек кој можел да го освои целиот свет, да изе*е толку жени и патем да организира сѐ на толку врвно ниво.

Прочитај и за ... >>  Забите

Во тоа му помогнал Јелу Чукаи. А додека идеологијата на Џинг Кан се сведувала на убивај, силувај, изгори, Чукаи бил малку со помирна природа.

Така, спасил многу кинески градови кои Кан планирал да ги изгори до темел. Успеал да го убеди својот шеф дека е подобро поданиците да му плаќаат данок, отколку веднаш да ги убие. Што било поприлично револуционерно во тоа време.

А потоа направил толку добар систем на наплата на данок, што дури и Џингис Кан сфатил дека повеќе сака пари одошто убивање. Според многумина историчари, токму овој систем овозможил Монголите да го освојат целиот свет.

5. Човекот зад Тутанкамон: Големиот везир Ај

Амон веројатно е најпознатите од сите фараони од древниот Египет, а неговата маска е олицетворение на моќни владетели кои кревале пирамиди во слободно време.

Со Египет владеел Ај, додека Тутанкамон сѐ уште цуцлал цуцла и какал во пелени. Ај му служел на татко му на Тутанкамон, а кога станал Голем Везир сите одлуки ги донесувал самостојно наместо малиот фараон. Ги вратил старите богови, кои претходникот на Тутанкамон ги забранил, што довело до незадоволства.

Ниту денес историчарите не утврдиле како умрел Тутанкамон. Многумина сметаат дека токму Ај имал по малку врска со тој настан. На пример, затоа што умрел штом станал доволно голем за да ја преземе власта. Од Ај, се разбира.

Потоа Ај убаво ја оженил полусестрата на Тутанкамон, Анкхесенамен, за да ја потврди својата власт. И потоа успешно владеел со години…

 

(Преземено и преведено од: http://www.dominomagazin.com)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here